Македонската дијаспора во Финска и оваа година ќе ја одбележи Василица со традиционална македонска вечер. Настанот ќе се одржи на 17 јануари 2026 година, во сабота, од 19 часот, во ресторанот лоциран на адресата Tillinmäentie 1 во Еспоо. Организатор е Македонско-финското здружение, кое веќе со години ја негува и продолжува оваа традиција меѓу нашинците во далечниот север.
За присуство на манифестацијата, семејните влезници чинат 20 евра, додека поединечките билети се продаваат по цена од 10 евра. Гостите се охрабруваат да донесат и сопствено традиционално македонско јадење или пијалак, во духот на заедничкото славење и споделување на домашните вкусови.
Организаторите упатуваат покана до сите добронамерници – Македонци, пријатели и почитувачи на традицијата – да се придружат на вечер исполнета со дружење, музика и атмосфера која ја негува македонската културна нишка во Финска.

