13 јули 2024 година, Париз, Франција – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) на Петровден 2022 година упати семакедонски одговор во врска со пораката од Претседателот на Република Франција, Емануел Макрон, упатена на 8 јули 2022 година, која во целост го објавуваме.
Семакедонското одговор го објавуваме во целост:
“Господине Макрон, Македонија повторно е исправена пред историски предизвик, поради лукративни побуди на марионетската влада која САД и ЕУ ја инсталираа, со цел промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ! Ова велепредавство, овој геноцид врз Македонскиот народ, ова злосторство против човештвото никогаш не застарува!
Македонците, како и сите народи на светот имаат неотуѓиво, неприкосновено и неотстапно веќе апсолвирано право на самоопределување и самоидентификација! Изборот на Македонците без алтернатива отсекогаш бил, е и ќе остане – државата Македонија! Ние сме држава Македонија!
Слободата на Македонскиот народ не му ја донесоа ниту Англичаните, ниту Французите, ниту Германците, ниту Италијанците, ниту Американците! Германија, Италија и Бугарија беа окупатори на Македонија во Втората светска војна 1939-1945 година! Американците заедно со Англичаните фрлаа напалм бомби врз Македонците во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, која во основа беше антимакедонска, за етничко чистење на Македонците од окупираниот Егејски дел на Македонија во Балканските војни 1912-1913 година! Македонците самите се ослободија од наци-фашистичката окупација во народно-ослободителната и анти-фашистичката борба во Втората светска војна со Македонска војска која броеше околу 100.000 партизани и со околу 33.000 жртви, Македонците самите ја возобновија својата државност на Првото заседание на Анти-фашистичкото Собрание на народното ослободување на Македонија одржано на 2 август 1944 година во Македонскиот манастир “Свети Отец Прохор Пчињски“ кој во времето на поранешна СФР Југославија, остана во Србија! Јосип Броз Тито и Комунистичката партија на Југославија, ниту ја ослободија Македонија, ниту ги измислија Македонците!
Господине Макрон, станавте сервилен на бугарските наци-фашистички барања кон државата Македонија и го погазивте достоинството на Македонскиот народ! Со Вашата Преговарачка рамка од 23 јуни 2022 година, наводно корегирана на 30 јуни 2022 година, во која се инкорпорирани сите барања на Софија, кои вие ги оценивте за “праведни“, Македонија од држава треба да стане територија без Македонски народ и историја чии администратори ќе бидат Атина и Софија!
Македонија не поднесе барање за влез во Бугарија, туку за сојуз со Европската Унија!
Не лажете го светот ниту себе си, дека сте на наша страна. Да бевте на македонска страна немаше да не’ понижите со Преговарачката рамка, немаше да не’ дискриминирате цели седумнаесет години!
Нашите сомнежи во Европската Унија, меѓу другите, и Вие ги предизвикавте! Во 2012 година Германија предложи “Европа со две брзини“. Во 2017 година САД предложија создавање на “Мала Европска Унија“ за Западен Балкан. Зарем заборавивте дека Вие во 2019 година предложивте “привилегирано партнерство“ за земјите од Западен Балкан? Во 2020 година Вие ги заостривте критериумите за членство во Европската Унија! Во 2022 година Вие предложивте Европска политичка заедница за земјите од Западен Балкан.
Господине Макрон, Вие воопшто не сте свесен за длабочината и чувствителноста на прашањата што ги бара Бугарија, да ги исполни Македонија!
Бугарското Собрание на 24 јуни 2022 година ја прифати Вашата Преговарачка рамка, откако Вие ги прифативте сите бугарски барања според Вас како “праведни барања“! И токму така, како што велите, “до вас Македонците е да се изјасните, моќта да го смените текот на историјата е во Вашите раце!“ Вие барате самите да ја смениме македонската историја со бугарските фалсификати, како што стори Атина со присвојувањето на историјата на Македонија, иако Македонија никогаш во историјата не била под Атина, се’ до Балканските војни 1912-1913 година! Атина за првпат во нејзината историја ја окупира Македонија, Егејскиот дел на Македонија, со декрет на инородниот крал на Елада, Георгиос Први од 31 октомври 1912 година до премиерот Елефтерос Венизелос “да воспостави времена управа врз окупираните територии во Македонија!“
Господине Макрон, Македонците отфрлаат компромиси со идентитетот, Вие знаете, дека идентитетот не е само јазикот, туку името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, името на државата Македонија заедно!
Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година не ги унапредува и не ги продлабочува македонско-бугарските добрососедски односи, туку ги поткрева територијалните претензии на Софија кон Македонија за “Голема Бугарија“ со Македонија, во согласност со Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година после Руско-Турската војна 1877-1878 година, ревидиран со Берлинскиот договор од 13 јуни до 13 јули 1878 година. Со истата намера беше и бугарската фашистичка окупација врз Македонија во Втората светска војна, тогаш Бугарската војска и жандармерија извршија многу злосторства врз Македонците, во Вардарскиот дел од Македонија.
Се разбира, за Македонците како и за сите во светот нема вечни пријатели, нема вечни непријатели, туку има вечни интереси, Македонците ја прифаќаат бугарската нација како политичка нација со културна идентификација, Македонците не се мешаат во внатрешните работи на Бугарија, Македонците не ги интересира бугарската историја и нивните корени во Татарстан, Кина и Монголија. И покрај се’ и после се’, Македонците предлагаат историско македонско-бугарско помирување и Договор за траен мир и добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на “суверена еднаквост“, што значи: взаемно почитување и разбирање, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Што за бугари во Уставот на државата Македонија, тоа за Македонците во Уставот на државата Бугарија. И самиот знаете, дека Бугарија не спроведува 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур по тужби за повреда на правата и слободите од Македонците и нивните здруженија и партии во Бугарија, кои Софија не ги регистрира.
Македонците, свесни за последиците по суверенитетот и интегритетот од наци-фашистичките барања на Бугарија содржани во француската Преговарачка рамка за членство на Македонија во Европската Унија, ја отфрлаат и не ја прифаќаат!
Господине Макрон, Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив, произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните, кои власта ја остваруваат по пат на референдум и преку демократски избрани претставници. Ве потсетуваме, дека околу 80 проценти од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, на референдумот одржан на 8 септември 1991 година, во предвечерјето на дисолуцијата на поранешна СФР Југославија, ГЛАСАА ЗА “суверена и самостојна држава Македонија“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за сите без исклучок. Ве потсетуваме, исто така, дека околу две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, на референдумот одржан на 30 септември 2018 година НЕ ГЛАСАА “за членство во ЕУ и НАТО“ и “не го прифатија Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!
Господине Макрон, Ве потсетуваме дека Бадентеровата комисија на Европската Заедница составена од претседателите на пет уставни судови на пет земји членки на Европската заедница, чиј претседател беше токму претседателот на Уставниот суд на Франција, Робер Бадентер, на 11 јануари 1992 година утврди мислење дека единствено Република Македонија и Република Словенија ги исполнуваат условите за независност од републиките на поранешна Југославија и дека “името Македонија не подразбира територијални претензии кон соседните држави!“
Господине Макрон, Ве потсетуваме и на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг од 5 декември 2011 година, по тужба на Македонија против Грција за прекршување на членот 11 од македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година, дека Грција нема суспензивно право за членство на Македонија во меѓународните организации, Македонија може да аплицира во сите меѓународни организации под државното име Македонија, а Грција има само право да протестира доколку во која и да е меѓународна организација во која Грција членува, на Македонија и’ се обраќаат со државното име наместо со временото обраќање во Обединетите Нации, и тоа само додека траат разговорите за разликата за државното име меѓу Македонија и Владата во Атина!
Господине Макрон, бараме бриселската администрација да си ги почитува одредбите од Договорот за Европската Унија, потпишан на 13 декември 2007 година во Лисабон, влезен во сила на 1 декември 2009 година, посебно став 6 од преамбулата “за почитување на историјата, културата и традициите на народите на Европската Унија“, членот 2 за “почитување на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“, “плурализмот, недискриминацијата, толеранцијата, правдата, солидарноста и еднаквоста меѓу мажите и жените“ како темелни вредности на Унијата, членот 4 став 2 за “еднаквоста на земјите-членки и почитувањето на нивните национални идентитети“, членот 18 со кој “се забранува каква било дискриминација врз основа на националноста,“ и членот 21 за “основните начела на Унијата: демократијата, владеењето на правото, универзалноста и неделивоста на човековите права и основните слободи, почитувањето на човековото достоинство, начелата на еднаквоста и солидарноста, и почитувањето на начелата од Повелбата на Обединетите Нации и меѓународното право.“
На крај, Ваше е да ја почитувате волјата на Македонскиот народ на самоопределување и самоидентификација!
Македонците, свесни дека Империјата Македонија некогаш, не може да се супституира во Републиката Македонија денес, макар и еднострано декларираат: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чија основа е македонскиот етност, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите помеѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!
Господине Макрон, големината не е во силата, туку во мудроста. А, Македонскиот народ ги покрстил и описменил народите во Источна Европа, од Македонија се прошири христијанството во Западна Европа, првите цркви во Европа се изградени во Македонија, во градовите Бер, Солун и Филипи, првата покрстена христијанка во Европа е Лидија Македонката од Филипи, првиот универзитет во Европа е Светиклиментовиот во Охрид, постар за 100 години од Болоњскиот во Италија.
Господине Макрон, големината на една цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности, а универзални вредности на Македонската цивилизација се: мирот и љубовта наспроти војната и омразата; толеранцијата и коегзистенцијата наместо диксриминацијата и сегрегацијата; и културниот глобализам кој подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој поаѓајќи од профитните интереси на мултинационалните корпорации, врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури, се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка, каков што беше Западниот империјализам и колонијализам!
За Македонците неприфатлив е европскиот нацизам и фашизам, против кој заедно, во Втората светска војна се боревме и го поразивме, иако Европа секогаш ги делела Македонија и Македонскиот народ назад во историјата! Немаме територијални претензии кон соседите кои имаат окупирани делови од етно-историските граници на Македонија, бараме права и слободи за Македонците во вашите земји-членки во Европската Унија – Бугарија и Грција, бараме извинување и репарации, простуваме, но никогаш не забораваме!
Да живее Европа на рамноправни народи и држави, да живее Македонскиот народ, да живее Македонија!“