Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Останати спортови

Македонија има само една опција за ЕП – со сета сила против Грузија

15.08.2025 22:06
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија
Сподели

По поразот од Грција во Атина со 3:0 во претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство 2026, машкиот национален тим има само една опција за да обезбеди учество на четвртото во низа континентално натпреварување. Максимална победа над Грузија в недела во Скопје со што поголема поен-количник разлика!

Откако пропуштија избраниците на селекторот Јошко Миленкоски да освојат сет во дуелот со фаворитот, сега ќе треба билетот за ЕП да го заверат по потешкиот пат, односно со убедлив триумф над Грузијците во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонија е во „трка“ за место меѓу петте најдобровторопласирани селекции, кои исто така обезбедуваат настап на ЕвроВолеј 2026, заедно со седумте првопласирани екипи од групите од квалификациите. По комплетирањето на претпоследното коло Македонија е во битка со Австрија и Норвешка за евро-билет, со подобар поен-количник од конкурентите.

Банер

Поради тоа потребно е во последниот дуел со Грузија, Македонија да загуби што помалку поени во сетовите и да запише сигурна победа од 3:0, а потоа да го чека и конечниот исход од натпреварите во другите групи.

Едно е сигурно, на македонските одбојкари ќе им биде потребна безрезервна поддршка од трибините во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, в недела, 20 часот, каде влезот ќе биде бесплатен.

Ad image

Извор:vfmkd.org.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Македонија денес ќе ги добие противниците за ЕвроВолеј 2026

ОИ 2024: САД со 24 злата го презедоа водството од Кина

Хулкенберг се залага за промена на бодовниот систем во Формула 1

Волф: Мерцедес ќе се обиде да се врати на Големата награда на Саудиска Арабија

Дарио Ивановски триумфира на Скопскиот маратон

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Останати спортови

Започнува новата сезона во Формула 1

Останати спортови

Историски успех за македонската атлетика – Трајковски се пласираше во финалето!

Останати спортови

Спортско качување: Освојување на висините со стил и сила

Останати спортови

Формула 1 во пресврт: Ферстапен на чекор до договор со Мерцедес?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?