Историски успех за македонската атлетика – Трајковски се пласираше во финалето!

ФОТО: Атлетска Федерација на Македонија

Андреас Трајковски синоќа дојде до историски подвиг со неговиот пласман во финалето на европското првенство во сала кое деновиве се одржува во холандскиот град Апелдорн.

Со својот фантастичен скок од 7.85м кој е воедно и нов македонски рекорд во сала, Андреас го обезбеди 7-то место во квалификациите и успеа да испише историја како првиот македонец кој се пласирал во финале на европските првенства.

Финалето е закажано за вечерва 7-ми март со почеток од 20:30 часот.

 

Сподели ја оваа објава