spot_img

Либан истрела 25 проектили кон Голанската висорамнина

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Во Голанската висорамнина утрово се огласија сирени за тревога бидејќи Либан истрела околу 25 проектили, соопштија израелските одбранбени...
spot_imgspot_img
ПочетнаКолумниМакедонските корени на софиските врховисти и на бугарските фашисти

Македонските корени на софиските врховисти и на бугарските фашисти

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Ако ја разложите Бугарија на Македонија, Мизија и Тракија, нема Бугари, бидејќи бугарската е политичка нација. Исто како поранешна Југославија со Југословените како политичка нација. Се растури Југославија на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово и Македонија, и заврши приказната за Југословените, нив повеќе ги нема!

И не е прашањето дали Македонците во Македонија се Бугари како што тврдат софиските врховисти во Македонија и бугарските фашисти во Бугарија, туку има ли Бугари без македонски корени во Бугарија?! Поради тоа: Нема бугарско малцинство во Македонија, како што нема ни македонско малцинство во Бугарија. Затоа што Македонците се мнозинството и во Македонија и во Бугарија! Етнички Бугари во Македонија, Албанија и Косово нема! Основата на Бугарија е Македонија! Основата на бугарскиот демос како современа политичка нација е македонскиот етнос! Ете, тоа е вистината!

Патем, врховизмот не е етничко, туку геополитичко прашање. Врховизмот претставува сервилност на определена номенклатура која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт во Македонија бара од некоја друга и туѓа метропола. Во дваесеттиот век тие метрополи биле Белград, Софија, Атина и Тирана, во дваесет и првиот век – Брисел, Стразбур и Вашингтон… Односно, на 23 октомври 1893 година во Солун, Македонија група авторитетни Македонци формирале Македонска револуционерна организација – МРО, меѓу народот позната како Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО, донеле Статут, избрале Централен комитет, биле за Македонија на Македонците, за суверена и самостојна држава Македонија во времето на Отоманската империја… Заради неизживеаната романса на Софија за Санстефанска Голема Бугарија утврдена во мировниот договор од 3 март 1878 година после Руско-Турската војна 1877-1878 година, а заради излез на Русија преку Македонија на Егејското Море и Медитеранот, под патронат на Бугарскиот кнез Фердинанд, во Софија се формира Врховен комитет на МРО односно ВМРО, и тие биле за Македонија, ама во рамките на Бугарија, со Македонците како Бугари. И започнува повеќедецениска борба помеѓу приврзаниците на Централниот комитет на МРО од Солун и приврзаниците на Врховниот комитет на МРО од Софија…

Имено, во 1877 година избувнува војна меѓу Руското Царство и Отоманската Империја. Таа војна трае две години 1877-1878 година и завршува со Мировен договор. На 3 март 1878 година во истанбулското село Сан Стефано, бил потпишан Мировен договор. Овој договор никогаш не се реализирал, а траел само три месеци од неговото потпишување, од 3 март до 13 јуни 1878 година! Со Санстефанскиот мировен договор биле договорени нови граници на Балканот: Бугарија ја добила цела Македонија, Одринска Тракија, делови од денешна Србија (Пирот, Врање) и Албанија (Корча)… Денес, тој романтизам, за една историја која и тогаш била само фикција, Бугарите го одбележуваат секоја година. 3 март е прогласен за Бугарски национален празник, како носталгија за пропуштената шанса Македонија да биде дел од Бугарија. Ете затоа за Софија, Македонија е вечна неизживеана бугарска романса …

Незадоволни од новите граници по Руско-Турската војна и од содржината на Санстефанскиот мировен договор, а под закана со нова војна, Австро-Унгарија, Британија и Франција свикуваат нова меѓународна конференција, од 13 јуни до 13 јули 1878 година, одржана во Берлин, позната како Берлински Конгрес, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. Руското Царство и Отоманската Империја, исцрпени од претходната меѓусебна војна, го прифатиле нејзиното одржување. Берлинскиот Конгрес извршил ревизија на Санстефанскиот мировен договор со цел да се спречи руското влијание на Балканот, особено излезот на Русија преку Бугарија на Егејското море до Солун и Кавала.

Претходно, Русија и Британија на 30 мај 1878 година склучиле Руско-Британски договор, со кој територијата на Бугарија е намалена за трипати од предвидената во Санстефанскиот мировен договор: Било решено Бугарија да се простира на територијата која се наоѓа само северно од Стара Планина (северната половина од територијата на денешна Република Бугарија).

Со Берлинскиот договор: (1) Македонија и Одринска Тракија биле вратени во владение на Отоманската Империја, (2) Источна Румелија (јужната половина од територијата на денешна Република Бугарија) потпаднала под отоманска власт со статус автономна област, (3) Србија, Црна Гора и Романија добиле независност, (4) Бугарија добила статус на вазално кнежевство во рамките на Отоманската Империја, (5) Кипар и’ бил даден на Велика Британија, а (6) Босна и Херцеговина и’ била дадена на Австро-Унгарија…

Берлинскиот Конгрес ревидирал, односно избришал 18 од 29 члена на Санстефанскиот мировен договор.

За жал, незадоволните страни, со време, испровоцирале нови тензии, кои подоцна кулминирале со Балканските војни 1912-1913 година и Првата Светска Војна 1914-1918 година…

Со членот 23 од Берлинскиот договор, Македонија требало да добие свој статут, односно устав, што значи да добие посебен државно-правен статус како оној на Крит, во рамките на Отоманската Империја, со свој гувернер и главен командант, кому била доверена командата на војската во Македонија. Со членот 23 од Берлинскиот договор, Македонија де факто се конституира како автономна област во своите политички и етнички граници во рамките на Отоманската Империја…

Иако Санстефанскиот мировен договор “живеел” само три месеци на хартија, без практична реализација, тој во Бугарија создал фикција за Голема Бугарија, која иако никогаш не се реализирала, сепак, подоцна била и денес е, главен поттикнувач за големобугарските хегемонистички амбиции и територијални претензии, стимулирајќи нестабилност на Балканот…

Откако било осуетено дека Високата Порта во Цариград ќе обзнани автономија на Македонија, како обврска од членот 23 на Берлинскиот договор, Бугарија, Србија и Грција ја започнуваат Првата Балканска Војна во 1912 година против Отоманската Империја за наводно “ослободување” на Македонија. Откако ја “ослободиле”, веќе наредната 1913 година, Бугарија, Србија и Грција ја започнуваат Втората Балканска Војна меѓу себе, со вистинската намера, која завршува со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година: Поделба на Македонија меѓу Бугарија, Србија и Грција, односно окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ кој се’ уште трае до денес…

На Меѓународната конференција во Букурешт од 28 јули до 10 август 1913 година, насилно е поделена и распарчена етно-историската територија на Македонскиот народ меѓу сојузничките земји: Грција приграби и окупира 34.869 км2 познат како Егејски или Беломорски дел од Македонија, Бугарија приграби и окупира 6.729 км2 познат како Пирински дел од Македонија), Србија проиграби и окупира 25.744 км2 познат како Вардарскиот дел од Македонија), а околу 800 км2 останаа под окупација и јурисдикција на Албанија, долж македонско-албанската граница – областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. Границите на Албанија создадена на македонска територија во 1912 година големите сили ги цртаат до 1924 година… Толку за историјата…

Луѓето отаде границата, во Бугарија, најдолго време живееја во комунизмот и најверни беа на Сталин и Москва!

Пристапувањето во Европската Унија во 2007 година не им го смени менталитетот, ниту етничкиот состав на населението. На тие наши браќа, нели крвта вода не бива, треба да им помогнеме, да се одлепат од монголските и татарските заблуди, своите корени повеќе да не ги бараат во Монголија, Кина и Татарстан, во Аспарух и Џингис Кан, туку во Македонската Империја, во Филип и Александар Македонски, како што науката и таму се’ повеќе во таа насока напредува.

А, платеници, јаничари од Македонија, кои во Брисел ќе парадираат со изјави дека во “Македонија нема бугарско малцинство, туку осознаени и неосознаени Бугари” ќе има, како што и имало, ама тоа време одамна поминало. Додека се на јасли да цицаат ќе парадираат, ама сите имаат рок на траење, после тоа брзо брзо мувлосуваат. Таа мувла во Македонија и меѓу Македонците повеќе не вирее.

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

Ставовите, информациите и податоците наведени во колумната се на авторот. Македонија Денес не стои зад искажаните ставов, а ниту пак гаранитра за точноста на содржината.

Придружете се на Вибер каналот на Македонија Денес. Притиснете ТУКА.
spot_img
spot_img