Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Колумни

Митридат и денешниот Македонец

04.04.2025 16:13
Сподели

Пишува: Коста Јовчевски – Корчагин, член на Претседателството на Родина Македонија

Не знам дали властите во Република Македонија (минати, сегашни, а можеби и идни) имале и/или имаат намера да ни ги соопштат параметрите кои се однесуваат на загадувањето, но вестите и бројките по ова прашање на некаков начин протекуваат во
јавноста. Според нив, не само што загадувањето е присутно, туку Скопје, па и некои други македонски градови, многу често беа на топ 10 листата на најзагадени градови во светот, а некогаш богами и на самото прво место! Овде немам намера да зборувам за причините, ниту да ги анализирам состојбите и последиците. А, последиците, според она што можеше да се прочита, е дека секој деветти Македонец умира како последица на загадувањето.

Веројатно, за просечниот Македонец, името на Митридат и на од него произлезениот термин митридатизам, нема некое посебно значење, ниту е познат во пошироката јавност. Но, ете, тој лик и поим постојат и потсетуваат на една интересна приказна која го допира и секојдневно труениот Македонец. Митридат живеел во II – I век п.н.е. и бил крал на Понтското кралство. Човекот, очигледно, бил токсикофобичен штом неговиот страв дека ќе бил отруен го превенирал со постепено внесување на отрови во организмот, за да стекне имунитет! Оттука и митридатизмот како појава означува стекнување на имунитет преку постепено внесување на отров во организмот.

Банер Банер BrandEcho

Па, како тоа денешниот Македонец се поврзува со веќе одамна заборавениот крал Митридат? Многу едноставно: со години наназад систематски сме подложни на труење и тоа секојдневно и пак нема реакција, пак нема отпор, пак нема барања за решение…Има
најобично битисување под исшараното затруено небо и длабоко вдишување на канцерогениот чад од скопските и другите депонии, со надеж дека нема да бидеме баш деветтиот. Така како народ тренираме, за да не бидеме еден ден и конечно отруени. Добро е, притоа, тоа што сме сепак многу кооперативни кон наредбите на Запад, односно на расквасената ЕУ, па му излегуваме пресрет и на токсичниот отпад од такви „држави“ како што е Косово, со што ја искажуваме уште еднаш нашата посветеност на европското беспаќе. За отпадот од Италија (и кој уште знае од каде другде?), според нашата моментална ментално – политичка забеганост, ќе бидеме дури и пресреќни и горди затоа што нашите деца и нас возрасните ќе не труе „демократско“ ѓубре од европска провениенција. И, така, таман кога помисливме дека никој веќе нема да се сети на подзаборавениот крал Митридат, еве не нас Македонците како го оживеавме, па дури му го преземавме и „рецептот“ и го практикуваме во секојдневието (ако може крал, зашто ние обичните да не можеме?), а со самото тоа му пркосиме и се заштитуваме на сосема извесното труење на кое сме изложени: со внес на секојдневна доза на отров кој самите си го приготвуваме, а и Европа си ја покажува својата приврзаност и наклоност кон државава и народот преку неограничено снабдување со „репроматеријали“, а се во функција на наш напредок, светла европска иднина и отпочнување на претпристапните преговори!

Се разбира, виновник за ваква работа не се бара. Народот си вели не е битно дали не трујат, битно е дека „четирите златни букви“ се на власт! Обратно, после четири години, кога ќе си се заменат за да не ги фати с‘клет од постојано владеење, СДС доаѓа на власт, па и да не трујат, не е важно, важно е дека падна „режимот“. 35 години вака: исто па исто; истите па истите!!!

А, виновник сепак има! Виновникот е системот кој го креираат и практикуваат двете странски измеќарски испостави – северните бившомакедонски партии и нивните придружни (прегласни) вокали од т.н. „албански блок“. Народот, независно од смртоносните и самоубиствени проблеми, пресреќен – „неговите“ победија! Несвесен дека токму народот го создава легитимитетот за градење на (не)функционален систем.

Токму тој народ преку гласањето за политичките опции дава согласност за сопствената судбина барем за наредните четири години, но не верувам дека размислува и за одговорноста која (ќе) ја има со давање на доверба на која било политичка партија од досега владеачките (едни и исти) истрошено – стерилно – измеќарско – профитерски партии. За жал, казната не стигнува сите, и свесните и несвесните (под „несвесни“ се подразбираат лицата незаинтересирани за политичките случувања, партиските војници, задоените непријатели на Македонија и сличните извршители за потребите на антимакедонството). Па, народе, какво труење, не губете време, подготвувајте се за локални избори, еве ги, наближуваат. А, после тоа, како што е редот, чекајте ги парламентарните. Без грижа, и наредните 35 години ќе си поминат. Па штом е така, зашто будење, зашто реакција, зашто нарушување на комфорот, на удопствата?

 

Колумната е личен став на авторот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
ТВ Архива
Приказ на над 200 архивски видеа од Македонија.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Што ако САД ја напуштат НАТО, а ЕУ го одложи проширувањето на трајно идно несвршено време?

Системот меѓу Дон Кихот и Пабло Ескобар

Денот на победата над фашизмот наспроти „Денот на Европа“

Проклетство до пеколот

Не постои партија со тапија на државноста!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Колумни

Нам Македонците не ни треба лиценца од Грците за вера во Бога, затоа што имаме апостолско преемство од светиот Апостол Павле!

Колумни

Саможртва за семејството и за татковината!

Колумни

Македонските вредности наспроти анти-вредностите на блудницата вавилонска!

Колумни

Има ли етнички Бугари?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?