Пишува Тодор ПЕТРОВ
Се шири една демагогија за да се доведе во заблуда јавноста во Македонија, со епилог: Да се впишат бугари, поточно да се впиши “граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од бугарскиот народ“ во преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот на Македонија, во намерата на Софија за бугарите во Македонија да изнуди статус државотворен народ како вовед во Македонија – втора бугарска држава на Балканот, што е невозможна мисија. Демек, Бугарија била граѓанска држава, а Македонија национална, па поради тоа, Бугарија имала граѓански Устав, а Македонија национален Устав.
Иако, за волја на вистината, во светот нема анационална држава, односно сите држави се национални, истовремено и граѓански, затоа што ако не де факто барем де јуре декларираат еднаквост на сите пред Уставот и законите.
Но, да се вратиме на темата… Штом Македонија во Уставот имала впишано делови на повеќе народи (албанскиот, турскиот, влашкиот, српскиот, ромскиот, бошњачкиот и другите), зошто да не бидат впишани и тие со “самосвест“ дека се дел од бугарскиот народ?! Ама, на забелешката, зошто во Бугарскиот Устав на реципроцитетна основа да ги нема Македонците како дел од македонскиот народ, одговорот секогаш е – Бугарскиот Устав е граѓански (?!) и затоа никој не е впишан – во Бугарија сите биле еднакви пред Уставот и законите.
Сепак, и покрај замајувањето дека бугарскиот Устав е граѓански Устав, во неговата преамбула се СПОМНУВА бугарскиот народ! Никој друг, освен и само бугарскиот народ! Одговорот на Софија е дека, под бугарски народ во нивниот Устав се подразбира демос, а не етнос, како синоним за сите граѓани на државата Бугарија, односно за сите бугарски државјани!
Впрочем, во бугарските лични исправи нема графа за етничко потекло. На СИТЕ во графата националност – nationality како синоним за државјанство, им е запишано – бугарско, односно Бугари. Во англискиот јазик Bulgarian е и именка и придавка.
И сега доаѓаме до парадоксот! Ако во Бугарија под бугарски народ како демос се подразбираат сите граѓани односно сите бугарски државјани – Што се тие кои во Македонија, Албанија и Косово се декларираат за Бугари? Бугари односно бугарски државјани во државата Македонија, Албанија и Косово НЕМА, освен оние во бугарските амбасади, туристи од Бугарија и во мешани бракови! Не случајно, пак, Софија најчесто го користи терминот “македонски државјани со бугарска самосвест“!
Во тоа е перфидната игра на Софија: Сите во Бугарија, Софија ги смета за етнички Бугари, ама ако им речете дека освен “етнички Бугари“ има припадници и на други етноси, веднаш ве елиминираат од дебата со одговорот дека под бугарскиот народ се подразбираат сите бугарски државјани односно граѓани, а не етнички бугари.
Поради горното и заклучокот е многу едноставен: Етнички Бугари во Македонија, Албанија и Косово НЕМА, прашање е дали и колку во државата Бугарија ги има. Можеби поточно е ако се каже дека во Бугарија има се’, само Бугари не’ – Грци, Срби, Власи, Готи, Хуни, Мизи, Парстронци, Македонци, Панонци, Мирмидонци, Трибали, Буржани, Турци, Гагаузи, Шопи, Татари, Скити, Хрвати, Угри, Кумани, Гагаузи, Гаџали, Печењези, Торлаци, Горанци, Траки, Мизи, Помаци, Каракачани, Делиорманџи, Татари, Башкири, Уруци, Черкези, Абхази, Гагаузи, Караузи, Калаиџии, Дервенџи, Гичарли, Цигани, Турци-Османци, Турци-Азери, Арбанаси… Затоа апсурдот: И да се бараат, Бугари во Македонија, Албанија и Косово – НЕМА!
Бугари СЕ, затоа што името на државата е Бугарија, која пак е руска креација со санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година после Руско-Турската војна 1877-1878 година, за излез на Русија на Медитеранот преку Бугарија и Македонија.
За жал, Македонија не пати од дефицит на демократија, туку од суфицит на врховизам. А, врховизмот не е етничко, туку геополитичко прашање. Врховизмот значи сервилност на определена номенклатура, која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт во Македонија бара од некоја друга и туѓа метропола. Во дваесеттиот век тие метрополи биле Белград, Софија и Атина, а во дваесет и првиот век тие метрополи се Брисел и Вашингтон.
Ние денес во Македонија може да зборуваме за софиски врховисти, но не и за етнички бугари. И затоа, НЕ – за бугари во македонскиот Устав, поради бугарскиот антимакедонизам и фашизам од Втората светска војна. ДА – за македонско-бугарско историско помирување и Договор за траен мир и добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост, што подразбира: заемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи.
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!
Колумната е личен став на авторот.



