Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Мециновиќ: Скопје има шанса за промена – време е за нова визија!

21.10.2025 20:29
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ, на својата прва прес-конференција по влезот во вториот круг од локалните избори, изрази силно незадоволство од, како што рече, „недемократскиот преседан“ создаден од институциите под политичка контрола, особено АВМУ. Според него, ова е без преседан во историјата на изборите во Македонија. “Само еден кандидат има пристап до билборди, медиумски простор и рекламирање, додека другиот, кој доби поддршка од скопјани, е целосно исклучен од тој простор,” нагласи Мециновиќ, додавајќи дека ова е аларм за демократијата и ќе биде забележано во меѓународните извештаи.

Мециновиќ истакна дека е неопходно да се демократизира општеството, критикувајќи ја, како што вели, „апсолутната власт“ на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ. Тој повика на прекин на, како што рече, тоталната репресија врз јавниот интерес. “Скопјани сега имаат избор меѓу системот кој 30 години го истрошува градот и нова визија која не е поврзана со бизнис-интересите,” изјави тој.

Мециновиќ истакна дека е подготвен за соработка со централната власт и со сите советнички групи во Советот на Град Скопје, без оглед на исходот од изборите. “Ние немаме намера да го блокираме градот, дури и ако не победиме. Ќе бидеме конструктивна опозиција,” рече тој, додавајќи дека градоначалникот треба да биде израз на политичка волја, а не приватен интерес.

Банер Банер BrandEcho

На крајот, тој најави продолжување на теренските активности и нагласи дека кампањата не се однесува на него, туку на визијата за Скопје. “Имаме јасен избор, статус кво или промена која сите заедно ќе ја изградиме,” додаде Мециновиќ. Во однос на можната поддршка од други политички партии, тој изрази надеж дека ќе добие поддршка од сите здраворазумни скопјани, особено од оние кои беа на работ дали да гласаат или не во првиот круг.

Мециновиќ упати и директен апел до гласачите на СДСМ. “Иако партијата е во политичка криза, таму има многу луѓе кои ја делат визијата што јас ја претставувам. Ги повикувам сите кои ја поддржаа госпоѓата Каја Шукова во првиот круг, да ме поддржат мене во вториот,” повика тој. На прашањето за дебата со Орце Ѓорѓиевски, нагласи дека го повикува противкандидатот пред Школка во парк, вон студиски простории, на дебата на која ќе имаат право сите национални и територијални медиуми со различни уреднички редакции.

Ad image

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Возел 139 км/ч каде што е дозволено 60: млад битолчанец приведен поради безобѕирно возење

Топло за јануари: температури до 14 степени и засилен јужен ветер

Пуштена во употреба уште една делница од автопатот Кичево – Охрид, долга 17км!

Девојка нападнала вработена во итната медицинска помош

Дел од општина Бутел утре без струја

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

8 август: Изложба на 31 портрет на лица со попреченост

Локално

Свежо цвеќе во чест на ослободувањето на Охрид

Локално

Без струја утре Сарај, Илинден, Аеродром и Центар

Македонија

УЈП: Уште три дена за поднесување ДДВ-04 пријави за изминатиот оданочив период

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?