Девојка нападнала вработена во итната медицинска помош

ФОТО: МВР

Физички напад врз здравствен работник бил пријавен во СВР Скопје рано утринава, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил синоќа околу 23:15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, кога 36-годишната Д.Б. од скопско Булачани, во својство на медицински работник во возило на Итната медицинска помош, била нападната од 24-годишната И.Д. од Скопје.

Случајот е пријавен во 2:40 часот, а од МВР информираат дека по целосно документирање ќе следува соодветен поднесок против напаѓачката.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава