Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Медиуми: Џонсон тајно ја посети Венецуела

10.03.2024 11:35
Сподели

Лондон, 10 март 2024 (МИА) – Поранешниот британски премиер Борис Џонсон минатиот месец тајно отпатувал во Венецуела на неофицијални разговори со лидерот на таа земја Николас Мадуро, објавија денеска британските медиуми.

Според извештаите, Џонсон разговарал со Мадуро за Русија и Украина, и покрај тоа што Велика Британија не ја признава легитимноста на владата на Мадуро.

Се вели дека разговорите меѓу Џонсон и Мадуро за војната во Украина дошле во услови на загриженост меѓу западните влади и разузнавачката заедница дека Венецуела би можела да и доставува оружје или друга воена помош на Русија.

Банер Банер BrandEcho

Џонсон и венецуелскиот претседател разговарале и за условите за нормализирање на меѓудржавните односи, имајќи предвид дека Велика Британија не ја прифаќа легитимноста на 11-годишното владеење на Мадуро.

Од кабинетот на поранешниот британски премиер соопштија дека министерот за надворешни работи на Велика Британија Дејвид Камерон бил запознаен со посетата на Џонсон, а Џонсон за посетата разговарал и со Колин Дик, британскиот амбасадор во Венецуела.

Ad image

Неименуван извор од Форин Офисот потврди дека Џонсон го информирал Камерон за средбата со Мадуро, велејќи дека станува збор за приватна посета и бидејќи тоа не е официјална средба „не се бара дозвола“.

-Борис Џонсон се сретна со претставници на венецуелската влада со знаење на британскиот министер за надворешни работи за да ја нагласи потребата Венецуела да прифати соодветен демократски процес. Тој неколкупати јасно стави до знаење дека не може да има услови за нормализација на односите додека Венецуела целосно не ја прифати демократијата и почитувањето на територијалниот интегритет на соседите, изјави портпаролот на Борис Џонсон.

Венецуела има најголеми резерви на нафта во светот, го поддржува рускиот претседател Владимир Путин и го обвинува НАТО за руската инвазија на Украина, се наведува во текстот.

Од: Марија Спасовска Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во буџетот на Албанија минатата година се слеале 7,1 милијарда евра

Би-Би-Си: Одложено ослободувањето на над 600 палестински затвореници

Во Судан од колера во септември починаа најмалку 430 лица

Дванаесетгодишно дете обвинето за учество во нередите во Саутпорт

Швајцарија одлучи кога да ја затвори нуклеарната централа Бецнау

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

„Мета“ тврди дека ирански хакери се обиделе да упаднат во сметки на американски функционери

Свет

Шокантно злосторство во Порторико: Пронјадени голи и мачени мажи

Свет

СЗО задутре ќе одлучи дали епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници е глобална вонредна состојба

Свет

Лондон предупреди дека ескалација на Блискиот Исток „не е во ничиј интерес“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?