Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Цени на горива
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: Мелов: Ќе се борам за фер откуп, чист воздух и иднина за младите во Кавадарци
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Цени на горива
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » Мелов: Ќе се борам за фер откуп, чист воздух и иднина за младите во Кавадарци
Интервју

Мелов: Ќе се борам за фер откуп, чист воздух и иднина за младите во Кавадарци

02.10.2025
Share
SHARE

Интервју со Вуко Мелов, носител на листата на советници за Општина Кавадарци.

  1. Може ли накратко да ни се претставите, кој е Вуко Мелов и какво е Вашето досегашно политичко искуство?

ВМ: Јас сум млад човек од Кавадарци, имам 31 година и целиот мој живот е врзан за овој град, за неговите луѓе, за лозарите, за младите што бараат своја шанса.

Во политиката иако млад, сум повеќе години, како советник во Советот на Општина Кавадарци и како претседател на Општинската организација на СДСМ.

Тоа ми даде можност одблизу да ги слушам маките на луѓето и да се борам нивниот глас да стигне до институциите.

Како млад човек решив да не заминам во странство, туку да останам тука и да се борам за својот град.

Верувам во политика со чисти раце, без корупција, без лични интереси, политика која значи фер откуп за земјоделците, шанса за младите и достоинство за секој човек.

Не сум влезен во ова за функции и привилегии. Јас сум тука затоа што верувам дека Кавадарци може да биде подобар, поправеден и посолидарен град.

  1. Што Ве мотивираше да ја прифатите улогата на носител на листата на советници од СДСМ во Советот на Општина Кавадарци?

ВМ: Ме мотивира неправдата и тоа што гледам секој ден, земјоделци што се измачуваат за да го продадат својот труд, млади кои со куфери во раце заминуваат од Кавадарци, семејства кои живеат со маки и без надеж.

Тоа не е животот што го заслужуваат нашите луѓе!

Ја прифатив улогата на носител на листата затоа што не сакам повеќе да молчам.

Сакам да бидам јасниот глас на обичниот човек, на лозарот, на работникот, на младите кои сонуваат за фер шанса.

Моја обврска е да се спротивставам на корупцијата, на лагите и на политиката што мисли само на богатите и блиските.

Јас сум млад човек што одлучи да остане тука и да се бори.

Не барам привилегии, не барам фотелји.

Сакам Кавадарци во кое трудот ќе се вреднува, политиката ќе се води со чисти раце, а секој граѓанин ќе може да живее достоинствено.

  1. Како би ја опишале Вашата визија за Кавадарци во наредните 4 години?

ВМ: Моја визија за Кавадарци е едноставна и јасна.

Сакам нашето Кавадарци да биде модерен, зелен, праведен и човечен град, место каде што секој ќе се чувствува слушнат, вреднуван и почитуван.

Се вклучив во оваа борба затоа што верувам дека Кавадарци заслужува многу повеќе од ова што денес го имаме.

Нашиот град има сила и потенцијал да биде пример за фер шанси, за чесна власт и за достоинствен живот.

Град во кој лозарот и земјоделецот конечно да имаат фер откуп и сигурна цена.

Децата да растат во чисто Кавадарци, со зеленило и воздух без загадување.

Младите да остануваат тука, со шанса за работа и свој бизнис, а не да заминуваат во туѓина.

За реализација на овие работи имаме конкретни проекти како што е агроберза за лозарите, зелен појас околу градот, гасификација за почист воздух и поевтина енергија, пречистителна станица за заштита на водите, културен и спортски развој, пешачки зони и сл.

Но според мене најважното, ќе се справиме со корупцијата.

Без чисти раце и чесна власт, нема иднина.

Општината ќе ја направиме отворена, отчетна и блиска до граѓаните.

Јас не ветувам чуда.

Ветувам работа, чесност и посветеност.

Ветувам дека Кавадарци ќе го направиме град во кој луѓето ќе сакаат да останат и да живеат.

  1. Кои се трите клучни приоритети во вашата програма за Кавадарци?

ВМ:  Според мене клучни приоритети во нашата програма е социјалниот пакет кој го планираме, бидејќи сметам дека Кавадарци стана град во кој се води грижа единствено за поединци од бизнис секторот, а за останатите граѓани нема никаква мерка.

За таа цел приоритет број еден е социјалниот пакет кој содржи низа на мерки за социјално ранливи категории на граѓани, работници, млади и сл.

Субвенционирање за купување на огрев за социјално ранливи семејства!

Ќе воведеме субвенција во висина до 50 % од трошоците за купување огрев за семејства кои спаѓаат во социјално ранливи категории.

Намалување на сметките за комунални услуги за 30% во првата година од мандатот!

Сметките кои ги наплаќа јавното претпријатие Комуналец во изминативе неколку години се зголемија значително.

Тоа најмногу се должи на лошото менаџирање со јавното претпријатие, вработувањето без потреба, а по партиски клуч, големите загуби на вода и сл.

Сериозно ќе се зафатиме со овие проблеми, со кратење на неплански трошења и во првата година од мандатот ќе ги намалиме цените на износ на смет, јавно зеленило, јавна чистота, со што граѓаните би плаќале до 30% пониски сметки во однос на она што го плаќаат сега.

Бесплатна градинка за деца кои потекнуваат од семејства со ниски приходи.

Ќе ја укинеме партиципацијата згрижување на деца во детски градинки за семејства чии месечни приходи не надминуваат две минимални плати.

Со ова, овозможуваме достапност, социјална правда и ги намалуваме економските бариери за ран развој на децата.

Еднократна парична помош за пензионери со пензии до 20.000 денари секоја година!

Социјален фонд за социјално ранливи семејства!

Бесплатен превоз за сите жители во селата два пати во неделата!

Покрај социјалниот пакет приоритетен проект е агроберзата.

Проектот за агроберза за грозје има цел да го унапреди пазарот на грозје, обезбедувајќи платформа што ќе ги поврзе производителите со купувачите, како што се винарници и трговци.

Овој проект ќе им овозможи на земјоделците да го понудат своето производство, а купувачите да ги разгледуваат понудите и да склучуваат договори по поволни услови.

Првата компонента на проектот е платформата за трговија, која може да биде дигитална или физичка, каде што производителите ќе ги поставуваат своите понуди со информации за сортите, количините и цените.

Платформата ќе биде корисна за олеснување на процесот на преговори и потпишување договори меѓу производителите и купувачите, што ќе го забрза процесот на продажба и купување.

Овој проект ќе им овозможи на лозарите да имаат поголем пристап до купувачи, што ќе го зголеми нивниот пазарен потенцијал.

Проектот за агроберза ќе го реши проблемот со откупот на земјоделските производи, како и откупната цена.

Гасификацијата е исто стратешки проект за Кавадарци

Еден од стратешките проекти за модернизација на Кавадарци е воведувањето на систем за гасификација, алтернатива што овозможува почист, поевтин и еколошки ефикасен енергетски извор за домаќинствата, индустријата и јавните установи.

Во моментов, најголем дел од граѓаните и објектите во градот користат дрва, нафта или струја за греење, што е скапо, загадувачко и неефикасно. Со гасификацијата, ќе се овозможи значително намалување на загадувањето на воздухот, особено во зимските месеци, кога концентрацијата на ПМ честички е највисока.

Проектот предвидува изградба на гасоводна мрежа во фази прво до јавните институции (училишта, болница, општина), потоа до индустриските капацитети и конечно до домаќинствата.

  1. Каква соработка планирате со локалните бизниси и земјоделци?

ВМ:Во врска со локалните бизниси сакаме да дадеме поголема важност на микро и малите компании кои досега беа буквално тргнати на страна, без никаква поддршка од општината.

За таа цел еден од важните проекти во нашата изборна програма е проектот Бизнис Центар за Развој на Претприемништвото.

Кавадарци има голем број креативни, млади и амбициозни луѓе кои често немаат пристап до потребната поддршка за започнување сопствен бизнис. Затоа, предлагаме формирање на модерен Бизнис Центар за развој на претприемништвото, кој ќе биде клучна алатка за економски развој на општината и задржување на младите.

Центарот ќе служи како инкубатор за стартапи, со ко-воркинг простор, техничка и правна поддршка, менторски програми и обуки. Ќе обезбедува бесплатни курсеви по бизнис планирање, дигитален маркетинг, финансии и менаџмент. Посебна програма ќе биде наменета за млади иноватори и ученици од средните училишта, со цел рано препознавање и развој на претприемачки потенцијал.

Центарот ќе организира хакатони, бизнис натпревари и стартап викенди, како начин за генерирање иновативни идеи и поврзување со инвеститори. Ќе се поддржат и жени претприемачи и социјални бизниси, со цел инклузивен и одржлив развој.

Во врска со соработката со земјоделците споменав и погоре дека преку проектот за агро берза ќе им овозможиме поголема достапност до пазарите, сигурен пласман и повисоки откупни цени.

  1. Зошто граѓаните на Кавадарци треба да гласаат за вас и за листата на СДСМ?

ВМ:  Граѓаните треба да гласаат за листата на СДСМ затоа што на неа има луѓе кои се чесни, борбени и кои си го сакаат Кавадарци.

Тоа се луѓе што живеат секојдневно со проблемите на граѓаните, лозарите, работниците,  младите.

Луѓе кои ќе бидат гласот на народот во Советот, а не глас на привилегираните.

Ние ветуваме дека советниците на СДСМ ќе бидат таму да прашуваат, да бараат одговорност и да се борат за секој граѓанин без страв и без калкулации.

Нашата листа е составена од чесни, храбри и борбени луѓе.

Луѓе што нема да молчат, туку ќе се исправат пред секоја неправда.

7. Што му недостасува на Кавадарци?

ВМ:  Недостасува фер цена за грозјето, недостасува сигурност за лозарот.

Нашите земјоделци се борат со труд и мака, а на крај остануваат со празни раце.

Недостасува зеленило, паркови, чист воздух.

Наместо да градиме град за луѓето, години наназад гледаме како се бетонизира секој педа земја. Сакаме Кавадарци со бели дроб, не со бетонска џунгла!

Недостасува иднина за младите.

Нашите сограѓани се селат надвор од Македонија, наместо тука да создаваат живот. Кавадарци не смее да биде град на куфери, туку град на надеж и нови можности!

И најмногу од сè недостасува чесна и чиста власт.

Власт која нема да работи за неколкумина блиски, туку за сите граѓани.

Власт која нема да лаже и профитира од туѓата мака, туку ќе биде отчетна, достапна и транспарентна.

 

 

 

▶ Случајно видео

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?