Мори моме Солуненке
блазе нему кој те има.
Мори моме Солуненке
блазе него кој те има.
Тешко и горко кој те нема,
така му и на мојва душа.
Тешко и горко кој те нема
така му и на мојва душа.
Сечи моме русите коси
прави скала да се качам.
Сечи моме русите коси,
прави скала да се качам.
Да се качам, да те видам,
раскопчана, распетлана.
Да се качам да те видам,
раскопчана распетлана.
Дека спиеш гола и боса,
распашана, гологлава,
руси коси растурени.

