Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Колумни

Нам Македонците не ни треба лиценца од Грците за вера во Бога, затоа што имаме апостолско преемство од светиот Апостол Павле!

ФОТО: Тодор Петров
Сподели

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Во Библијата убаво пишува, ние Македонците го повикавме светиот апостол Павле “Дојди во Македонија и помогни ни” и тој дојде во Македонија и ни го испорача преемството, односно наследството од Бога: Од 41-46 година во Македонија се изградија првите цркви во Европа – во Солун, Бер и Филипи, во Македонија Светиот апостол Павле ја покрсти првата христијанка во Европа – Македонката Лидија.

И затоа, нам Македонците не ни треба лиценца за вера во Бога од Грците, затоа што нашата Првославна црква има апостолско преемство во првото илјадолетие! Паѓа во вода грчката пентакоса.

- Advertisement -

Ама, во лагите, што со британците се пишувале во меѓувреме, и меѓу клирот во Македонија има кои веруваат, на грчките фанариоти во Македонија подрага им е Атина од Македонија, за нив Македонците се географија, на Македонците им лепат етикета “Бугари“ по етнологија, ним помил им е Вартоломеј во Истанбул со црква рамна на една парохија во епархија, Стефан Македонецот им е дел од “српскиот свет” бидејќи чекаат томос од Грко-православната патријаршија на Истанбул без име, без достоинство и без јурисдикција во светот, чекаат пусулче за вера во Бога од грчкиот патријарх кој сака да биде втор Папа, ама му фали султанот кој никогаш повеќе нема да го има.

Но, не случајно Папата во Рим вели христијанството во Европа (Западна) доаѓа од Македонија, а Путин повторува – Ние Русите писменоста ја примивме од Македонија!

- Advertisement -
Банер

Западот во намерата да инсталира петта колона во Отоманската Империја, успеа од вера да “креира” народ наречени Грци. На Атина и’ ја додели културата и историјата на Македонија, последниот шарлатан тоа ексклузивно право го потврди со Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година. Сепак, Грк не е етнос, туку вера, значи верник во источното православие – во Грко-православната патријаршија на Истанбул, Грко-православната патријаршија на Ерусалим, Грко-православната патријаршија на Антиохија и Грко-православната патријаршија на Александрија, така самите се именуваат бидејќи тоа и се’, сите со верници колку една парохија на било која епархија во светот. Во тоа време, Истанбул, Ерусалим, Антиохија и Александрија биле градови во рамките на Отоманската Империја. Султанот им бил гарантот на нивната “канонска јурисдикција“. Но, нели, султани повеќе нема, како што и Отоманската империја повеќе ја нема и никогаш нема да ја биде!

И денес, на Запад, таа блудница вавилонска, ако на прашањето која е вашата вера, одговорите дека сте православен (orthodox), веднаш ќе ве допрашат Грко-православен (Greek-orthodox)? Затоа што за Западот грко-православен е синоним за сите православни од источната екумена.

Кога западните сили ја создавале Грција, во нејзиниот Устав од 1827 година запишале “Грк е секој христијанин во државата Елада” и окупираните територии од Отоманската империја.

Затоа на прашањето до грчки поп “Што е Грк”, одговорот “Грк е тој што е крстен”! А, на дополнителното потпрашање “Тогаш што се тие кои не се крстени?” повторно одговорот “Тој што не е крстен е турчин”, затоа што за Грците турчин е синоним за муслиман, бидејќи исламот на Балканот, во овој дел од Европа, е донесен од времето на Отоманската империја.

Ама, за играта да биде уште поиронична, некои од Грците како вера создадоа народ (етнос). И затоа, епископ во Грко-православната патријаршија на Истанбул може да биде само “Грк по род” со турско државјанство. И никој друг.

Така доаѓаме до заклучокт: Епископите на Грко-православната патријаршија на Истанбул, сите цркви ги обвинуваат за етно-филетизам штом го употребат своето национално име поради името на државата каде што им е седиштето, проповедајќи дека сите пред Бога и во Бога сме едно, ама кај нив етно-филетизмот е инаугуриран во наци-фашистичка догма! Во Грко-православната патријаршија на Истанбул, Грко-православната патријаршија во Ерусалим, Грко-православната патријаршија на Антиохија и Грко-православната патријаршија на Александрија никој друг не може да биде епископ ако не е “Грк по род”.

Е, затоа пак сектата на Зоран Вранишковски, своевремено до 2002 година расчинет од Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, па прибран од Српската православна црква која создаде паралелна ерархија во Македонија со “Јован, Архиепископ на Православната охридска архиепископија“, до македонскиот суд имаше пријава за регистрација на неговата секта под името “Грко-православна охридска архиепископија на Печката патријаршија во Македонија” по грчката аналогија.

Правилото меѓу државите “Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси“, важи и меѓу црквите. Поточно за нас – “Македонската православна црква нема вечни пријатели, Македонската православна црква нема вечни непријатели, Македонската православна црква има вечни интереси – верата во Бога и љубовта за Македонците и Македонија!“

Како и за државата вистината “Македонија не пати од дефицит на демократија туку од суфицит на врховизам”, за жал и во Македонската црква – антимакедонизмот на софиски, белградски и атински врховисти. Фанариотското дувло во Бигорскиот манастир се недостојни за Македонската православна и првославна црква, Македонија и Македонците! Грчките фанариоти во Македонија ќе ги препознаете по грчките капи со стреа кои ги опнаа на главите, и по богослужбите на грчки јазик и по грчките црковни жолти знамиња по македонските цркви и манастири.

Фанариотите во Истанбул велат ние сме Вселенска патријаршија, ама турските судови со пресуди тоа им го забранија, велат вашата фондација има јурсидикција само над неколку стотина верници Грци кои живеат во Истанбул и никаде на друго место во светот, надвор од границите на Турција. Вартоломеј сака да биде вселенски, ама во Грко-православната патријаршија на Истанбул не важи правилото како во Римската црква, Папа да може да биде секој кардинал од било која држава во светот. Во Истанбул патријарх може да биде само “Грк по род” со турско државјанство. Грко-православната црква на Истанбул може да биде прва по почит, но не прва по право, односно патријархот на Истанбул може да биде само прв по почит, но никако прв по право, уште помалку вселенски! Вселенскиот собор ќе го биде кога во него својот престол ќе го добие и Македонскиот патријарх, и кога вселенскиот патријарх ќе го бираат сите поглавари или епископи на помесните цркви, а не само грчките епископи во Турција!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

Колумната е личен став на авторот.

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за пресметка на брути/нето плата и придонеси
Калкулатор за пресметка на бруто и нето плата како и придонеси од плата.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Со југословенско-бугарскиот Бледски договор од 1 август 1947 година, Софија го признала и македонскиот народ и македонскиот јазик

Секое како, има одговор – еве вака!

Можна ли е милитаризација на Европа без САД?

Денот на победата над фашизмот наспроти „Денот на Европа“

Македонските вредности наспроти анти-вредностите на блудницата вавилонска!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Колумни

Помеѓу длавоката и правната држава

Колумни

Русите дезинформирале, ама американците (дез)информирале

Колумни

Саможртва за семејството и за татковината!

Колумни

Како тоа „грчки“ сонца во руска црква?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?