Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Колумни

Русите дезинформирале, ама американците (дез)информирале

19.12.2024 02:37
ФОТО: Тодор Петров
Сподели

Пишува Тодор Петров

Оди фати им го крајот. Русите дезинформирале, ама Американците информирале. Американците не дезинформирале. Има една американска максима “ако не си со мене, си против мене!” За нас Македонците не важи таа холивудска сапуница. Ние Македонците велиме: Ако не сум со тебе не значи дека сум против тебе! За жал, таква е американската логика: Ако не си со Американците мора да си со Русите! И џабе ти е да бараш оправдание: За кого си, а за кого не си.

Извесно здружение “Eurothink”, наводно центар за “европски стратегии“, во Црна Гора спровело експеримент, финансиран од НАТО, за “заштита” од дезинформации (руски, м.з.) кај младите. За жал или за среќа, експериментот не ги дал очекуваните резултати, но укажал на епохалното откритие: “Потребата од зајакнување на медиумската писменост и на критичкото размислување меѓу младите за да не се претвори баш се’ во ‘вистина’!“

Банер Банер BrandEcho

Но, еве, и да сме против Русите, историски е фактот дека описменувањето и покрстувањето на источните европски народи е во Охрид, во Македонија, а не во Холивуд и Дизниленд во Америка! Исто како што христијанството во Европа доаѓа од Македонија! Источните народи како нации-држави се наши далечни роднини, македонски им’ се корените, корените им’ се во Македонија! Тоа не е ниту срам, ниту грев! Напротив, цивилизациска придобивка! Грко-православната патријаршија на Истанбул, одамна е под капа на западните разузнавачки служби, како и во времето на Отоманската империја. Тие од Вартоломеј сакаат да создадат Папа во православната екумена, за профитните интереси на Западот да го растураат Истокот преку грчката команда врз источните православни цркви. Ама ништо од “бизнисот“, ја нема Отоманската империја, како што никогаш нема ниту да ја биде. И не е случајно тоа што се случува со Украинската православна црква, каква што инсталација сакаат да создадат и во Македонија: МПЦ-ОА да стане “митрополија“ на Грко-православната патријаршија на Истанбул, која Грците си ја нарекуваат “Вселенска патријаршија“, со егзарх во Македонија, типуваат на бигорскиот игумен Партениј, кој самовласно си поигрува со достоинството на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и со достоинството на Македонскиот народ. И ај читај ја сега онаа утка од новинар кој одработува “против руското влијание“ во МПЦ-ОА, а за Грците, како што вели: “Вселенската патријаршија е проевропски, односно прозападно ориентирана.” Демек Македонија била за ЕУ и НАТО, а не за Руската Федерација и затоа сме требале да сме со Вартоломеј, а не со Кирил. Кое глупо размислување.

Македонците не се ниту со Американците, ниту со Русите, Македонците се со сите! Е, не, сега ДУИ треба да сечат вени колку се за Американците, а до вчера Албанија беше и со Кинезите и со Русите! И покрај се’ и после се’, како и за сите, така и за Македонија треба да важи правилото: Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси! Македонија е историска раскрсница Исток-Запад – Север-Југ. Впрочем, да не заборавиме: Отсекогаш важи правилото – И кога се војува се соработува! Секоја војна завршува со примирје, мир и помирување, затоа што животот продолжува! Војните не се за вечни непријателства, до истребување на последниот Мохиканец! Тоа го правеле доселените Британци од Западна Европа во новиот свет: Ги масакрирале домородните Индијанци, Африканци, Инки, Абориџини… Западните “демократии” историски го масакрирале третиот свет – Северна и Јужна Америка, Африка, Азија и Австралија, ги масакрирале домородните народи. Ааа, да, домородните народи од новиот свет за западните “демократии”, за британскиот колонијализам и американскиот империјализам биле племиња, ги сметале за животни, стотици етноси, јазици, религии и култури ги избришале од земјината топка. И сега, во раскошот од арамилакот по светот, од метрополите Лондон, Париз, Брисел, Рим, Мадрид, Лисабон, Берлин, Вашингтон… да ви продаваат демагоги за права и слободи, за правна држава и правда, “legalite, egalite, fraternite” (законитост, еднаквост, братство) звучи како научна фантазија, односно илузија!

Особено во време на новиот свет кој се гради на мултиполарни основи. Соочени со американскиот унилатерализам и европскиот центризам како трајно минато свршено време, Македонија мора да ја прилагоди својата надворешна политика на новата геополитичка карта на светот, да гради политики на активен мултилатерализам – соработка со сите, од пријатели никогаш доста, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост, што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи!

И повторно, кој информира, а кој дезинформира? Русите дезинформирале, ама Американците (дез)информирале. Така и Енвер Хоџа со децении го штитеше албанскиот комунизам и цела Албанија ја огради со стотици илјадници бункери како мртва стража за чистата албанска комунистичка идеологија. Ете таков систем ни инсталираат и во Македонија: За Америка – против Русија. Ни инсталираат бункери во мозочните ќелии. САД и Русија утре пак ќе се договорат, ама ние ќе останеме колатерална штета, поради ослепените, оглувените и онемените марионети во власта. Впрочем, новоизбраниот американски потпретседател Џеј-Ди Венс е дециден: САД имаат разлики со Русија, но контрапродуктивно е Москва да се прогласи за американски непријател!

Колумната е личен став на авторот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Системот меѓу Дон Кихот и Пабло Ескобар

Митридат и денешниот Македонец

Ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано!

ЕУ-робија? Не, благодариме! Македонија се буди!

Како тоа „грчки“ сонца во руска црква?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Колумни

Коридори на мирот или коридори за војна!

Колумни

Македонија има вечни интереси

Колумни

Метастазите на блудницата вавилонска

Колумни

Со југословенско-бугарскиот Бледски договор од 1 август 1947 година, Софија го признала и македонскиот народ и македонскиот јазик

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?