Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Дијаспора и МНМ

„Нема да молчиме“: Македонското друштво „Илинден“ од Тирана со жестока реакција на бугарските обвинувања

27.01.2026
Сподели

Македонското друштво Илинден – Тирана остро реагираше на, како што ги оценува, неоснованите и тенденциозни напади изнесени во емисијата „Студио Actualno Балкани“ и јавниот настап на Ервис Талури, претставник на таканареченото Друштво за бугарско-албанско пријателство.

Од „Илинден“ порачуваат дека станува збор за координирана медиумска манипулација, чија цел е замолчување на македонските активисти во Република Албанија и дискредитација на Македонската алијанса за европска интеграција и нејзиното раководство.

Според соопштението, настапите во споменатата емисија не се изолиран случај, туку дел од долгогодишна политика на негирање на македонската нација и идентитет, спроведувана преку различни структури и медиумски платформи.

Банер Банер BrandEcho

Особено се посочува улогата на Ервис Талури, кој, според „Илинден“, по целосно школување финансирано од бугарската држава – од средно образование до докторски студии – се појавува во Албанија како „експерт“ за бугарско малцинство, со задача да ги релативизира Македонците и да ја напаѓа македонската политичка организација.

Во реакцијата се наведува дека зад ваквите медиумски настапи стои добро организиран механизам, поврзан со бизнисот со бугарски пасоши. Според тврдењата, со години од албански граѓани се наплаќале илјадници евра за лажни „докази за потекло“, потврди и посредување, што претставува модел кој бил предмет и на истраги, апсења и санкции во Бугарија и Албанија.

Ad image

Македонското друштво „Илинден“ оценува дека ваквите политики се во директна спротивност со европските вредности, човековите права и принципите на демократско општество, нагласувајќи дека притисоците врз македонската заедница во Албанија нема да резултираат со молк.

И покрај, како што наведуваат, постојаните притисоци и обиди за дискредитација, од „Илинден“-Тирана порачуваат дека ќе продолжат одлучно да се спротивставуваат на негацијата на македонскиот идентитет, како во Албанија, така и пред европските институции.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Македонците од Албанија и регионот го прославија Свети Јован Владимир

Укината е забраната – учениците Македонци ќе може да го користат семакедонското знаме!

Во Романија одбележан денот на македонскиот јазик

Во сеќавање на Стојан Георгиев Томовичин – неуморниот борец за Македонија

16 години постоење на Македонското друштво “Илинден”-Тирана

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

100 години од крвавиот пир врз Македонците во Бугарија

Дијаспора и МНМ

Во Канада ќе се прослави 60 годишен јубилеј на МПЦО „Св. Климент Охридски“

Дијаспора и МНМ

Албанија: Промоција на македонските машки народни носии од Преспа

Дијаспора и МНМ

Во Канада се одбележа Денот на востанието на македонскиот народ

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?