Во Канада ќе се прослави 60 годишен јубилеј на МПЦО „Св. Климент Охридски“

Од 5 до 7 септември годинава, Македонската православна црковна општина “Свети Климент Охридски” во Торонто (76 Overlea Blvd, Toronto, ON) го одбележува својот 60-годишен јубилеј од формирањето во 1965 година.

Неговото Високопреосвештенство г. Методиј, Митрополит Американско-Канадски упати јавна покана за масовно присуство на јубилејната прослава по повод 60 години од осветувањето на катедралната црква “Свети Климент Охридски” во Торонто – првата македонска православна црква во Канада и најстара македонска православна црква во Северна Америка во која непрекинато се богослужи.

На 5 септември, петок, во 20:00 часот ќе се одржи младинска игранка во организација на MYNET, а посветена на 10 годишнината од формирањето.

На 6 септември, сабота, во 17:00 часот ќе се отслужи богослужба, а во 18:30 часот ќе се одржи Гала банкет.

На 7 септември, недела, во 10:00 часот ќе биде отслужена света архиерејска божествена литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство г. Методиј, Митрополит Американско-Канадски.

Влезница за гала банкетот е $120 вечера со премиум отворен бар. За повеќе информации или резервации: 416-421-7541 info@st.clementofohrid.com и www.stclementofohrid.com

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава