Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интервју

Ни се запалиле крпи, се истурило масло, снемало струја – Водителката на “Брза кујна” искрена во интервју за Македонија Денес

Сподели

Познатата водителка Сања Савеска а многумина и би рекле “главниот судија” помеѓу вечното ривалство на доматите и пиперките во најгледаната кулинарска емисија “Брза кујна”, секојдневно е присутна во нашите домови преку малите екрани. Шармантна, позитивна и насмеана, не може а да не остави впечаток на добар домаќин. Долги години се занимава со водителството и новинарството, а за тоа како се снаоѓа во кујната и кој и е омилен специјалитет, како и за згодите и незгодите во емисијата ќе ни открие таа.

1. Во тек се Новогодишните и Божиќните празници. Колку Ви значат и кој дел Ви е омилен при прославувањето на овие празници?    

С.С. Новогодишните и Божиќните празници отсекогаш биле со радост очекувани во кругот на нашето семејство. Од подготовката на традиционалните јадења, до украсувањето на домот и китењето на елката. Ќе бидам искрена,  со текот на годините се менува начинот на кој ја пречекувам, сега повеќе сакам тивок пречек, релаксиран,  но сакам секогаш да бидам со моите сакани во тие денови, воопшто не ми е важно каде сум, туку со кого сум.

- Advertisement -

2. Можете ли да се сетите на детските денови, како тогаш ги прославувавте Бадник и Божиќ? Се сменило ли нешто од тогаш? 

С.С. За Бадник и Божиќ, каде и да си дома да си! Тоа важело и ќе важи засекогаш за мене. Овие празници ја имаат таа посебна топлина во домот, се е во тие денови посебно.  Убавата и тивка атмосфера во домот, кога се подготвува највкусната посна Бадникова трпеза и подготовките на Божиќниот семеен ручек и ден денес не се променети. Со радост се  сеќавам на детството и деновите околу празниците. Бевме многу среќни, чекавме родителите да не однесат на градскиот плоштад и да се сликаме со дедо Мраз, да купиме честитки и да ги пишуваме и испраќаме на најблиските, па одевме и чекавме ред во пошта. Се сеќавам и на смрзнатите носиња и полните коледарски торбички за Коледе , на среќата кога се дели бадниковото лепче со паричка. Се радувам што некои од овие работи  сеуште непроменети.

3.Која е првата работа по што ќе ја паметите годината што помина и што би сакале да ви се случи во Новата?  

С.С. Во Новата не би сакала да ми се повтори старата !

4. Во моментов сте една од најпопуларните водителки на една од најгледаната кулинарска емисија. Каква домаќинка е Сања, колку од времето го поминува во кујната и има ли омилен специјалитет што знае да го зготви?

С.С. Потекнувам од домаќинско семејство, каде се негувале и се негуваат силните и вистински семејни вредности. Кај нас се знаело дека секој треба да партиципира во домашните обврски, не сме биле научени ниту јас ниту мојот брат да чекаме некој друг да ни ги заврши зададените задачи. Од мали добивавме задолженија  со кои се научивме на ред и дисциплина. Кога станува збор за готвењето и тука ќе кажам дека тоа е повторно од она што како мала сум го гледала во семејството, секогаш имало домашни јадења, пити, кифли, колачи, супи, зимници….и некако гледајќи и јас од мала почнав да готвам, и тоа сама. Денес воопшто не ми е тешко било што треба да зготвам, сакам и да експериментирам и да ја прилагодувам исхраната според желбите на моите најблиски. Специјалитети во последните неколку години ми се здрави торти и колачи со природни шеќери.

5.Може ли да ни издвоите некој интересен момент што се случил за време на снимањето?    

С.С. Најголемиот дел од интересните моменти се и прикажани на гледачите , бидејќи снимаме во целина, без паузи и прекини во тек на готвењето, а тука верувајте може се да се случи. Ни се запалиле крпи, се истурило масло , снемало струја и плин….Секоја нова емисија е посебна и единствена, интересно е тоа што и ние самите немаме претстава што не чека во тие 20 минути. Многу често се случува на крајот, кога се пробуваат јадењата , и кога сите сме релаксирани да се засмееме толку многу да не можеме да продолжиме, а тоа е така бидејќи секогаш владее убава атмосфера во тимот.

6. Кои се подобри готвачи, мажите или жените? Кој е Вашиот впечаток, што покажало досегашното искуство?           

С.С. Најдобри готвачи се тие кои готват со љубов и посветеност.

7. Кој е најдобриот и најкорисниот совет што го имате добиени од двајцата шефови а сакате несебично да го споделите со нашите читатели?    

С.С. Да  не се плашам да испробувам и експериментирам во кујната, да ја сфатам како уметност и да уживам во готвењето.

8. За крај, што да очекуваме во Новата година, можни ли се новитети во “Брза кујна”? 

С.С. Брза Кујна продолжува со истото темпо и во Новата година, форматот е истиот и не се менува, она што се менува секако се асистентите и идеите на шефовите. Очекувајте нови изненадувања секојдневно и бидете и вие дел од најгледаното кулинарско шоу.

Н.Заовска

Фото: Приватна архива

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за вредноста на платата денес
Калкулатор за тоа колку вреди твојата плата денес.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Маријана Деловска: Децата ќе учат во прва смена, со бесплатен превоз, кифла и јогуртче

Петар Котевски: Време е Битола да добие радикална транспарентност

Интервју со градоначалникот Иван Гоцевски: “Ѕвегорска сурова” е живиот симбол на традицијата во Делчево

Зејнеловиќ: Младите ќе останат во Тетово ако им обезбедиме перспектива за достоинствен живот

Македонците се одлични домаќини, Охрид моја следна туристичка дестинација – Преубавата српска водителка блеска и во поодмината бременост (Фото)

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интервју

Очекуваме Владата на Македонија да ни даде социо-економска помош и политичка поддршка

Интервју

Давид Златанов: “Мојата визија за Ново Село е општина која ги комбинира економскиот развој и заштитата на природата”

Интервју

Предновогодишно интервју со Снеже Велков: 2024 ми беше година на промени и лекции

Интервју

Лазо Костоски: Време е граѓаните заедно со нас да одлучуваат за иднината на Карпош

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?