Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Обвинувања за корупција околу продажбата на земјиште за „Лидл“ во Куманово: Димитриевски и СДСМ бараат истрага

Сподели

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска ги повика истражните органи да го испитаат случајот со продажбата на парцела на која треба да се гради маркет на „Лидл“. Тој ги отфрли наводите на СДСМ за можен корупциски скандал, инсистирајќи дека трансакцијата е направена транспарентно и во согласност со законот.

Според Димитриевски, земјиштето од 1.200 м² е сопственост на неговото семејство и е добиено како наследство со турска тапија. Тој објасни дека истото било продадено на неговиот кум, кој подоцна склучил преддоговор со „Лидл МК“ на 23 февруари 2024 година, а купопродажниот договор бил потпишан претходно, на 26 јануари. Само три дена подоцна, „Лидл“ покренал иницијатива за усогласување на деталниот урбанистички план (ДУП) со Законот за урбанистичко планирање од 2020 година.

„СДСМ веќе не е партија, туку остатоци од мафија која се тресе за своите фотелји. Колку повеќе лажат, толку посилен ќе биде нашиот одговор“, изјави Димитриевски. Тој негира дека нов ДУП веќе е донесен, велејќи дека на последната седница бил усвоен само нацрт-документ и дека ни со новиот план не се менува намената и габаритот на парцелата.

- Advertisement -

СДСМ, пак, излезе со објавени документи, меѓу кои и полномошно со кое кумот на Димитриевски му овластува на „Лидл“ да иницира промени во ДУП. Оттаму прашуваат дали постои таен договор меѓу кумот и „Лидл“, според кој тој се обврзува да издејствува измена на планот во рок од две години.

„Дали е точно дека, иако наплатил 600.000 евра, кумот може да користи само 180.000 евра, а остатокот од 420.000 евра останува замрзнат сè до евентуална измена на планот?“, прашуваат од партијата.

СДСМ го оценува случајот како потенцијално најголем корупциски скандал во Куманово и повикува Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство итно да постапат.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Лотото конечно падна – среќниот добитник се обезбеди за цел живот

ЈПДП врши санација на потпорен ѕид на потпатник на скопската обиколница

Трагедија на „Народен фронт“: Пешак загина, МВР трага по возачот

Романец уапсен во Скопје: Со сила грабнал златен ланец и украл пари од стан во Ѓорче

Карпалак – да не се заборави, да не се повтори

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

„Подај рака“ традиционална манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест

Локално

Општина Кочани: Долгот намален за над 25 милиони денари

Хроника

Претрес во Штип, пронајдени разни видови дрога, определен притвор за дилерот

Локално

Трагичен инцидент во Делчево: Работник почина по пад од висина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?