Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Цени на горива
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: Од Tesla и SpaceX до Струга – Роберт Милески со визија за европска општина
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Цени на горива
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » Од Tesla и SpaceX до Струга – Роберт Милески со визија за европска општина
Интервју

Од Tesla и SpaceX до Струга – Роберт Милески со визија за европска општина

29.09.2025
Share
SHARE

Интервју со Роберт Милески, кандидат за градоначалник на Општина Струга со поддршка од политичката партија Демократи.

1. На претстојните избори ќе бидете независен кандидат за градоначалник на Општина Струга – што Ве мотивираше да се кандитирате?

РБ: Дозволете ми првин да се претставам. Јас сум Роберт Милески, по вокација сум дипломиран инженер по информатика. Моите студии ги завршив на еден од најпрестижните германски институти за информатика „Хасо Платнер“, како и Институтот за информатика при Универзитетот во Потсдам, и Фрај Универзитет Берлин. Својата кариера ја започнав во TÜV Rheinland, како шеф на одделот за информатика при Институтот за медицински и психолошки истражувања, продолжувајќи потоа со основање на сопствена компанија „Introcode”, која ја работи за компании како Tecan од Швајцарија, водечки бренд во делот на медицински инструменти. Работевме на Cell Counting (броење на клетки), па се до секвенцирање на ДНК. Еве, да бидам нескромен, работејќи на овој огромен проект го постигнавме во светот досега несоборениот рекорд за секвенционирање на ДНК за помалку од 5 секунди. За потоа да продолжиме со една од најголемите светски компании за музика – Universal Music, а последно со Tesla, SpaceX и Starlink на Илон Маск. Пресудно за мојата одлука да се кандидирам за градоначалник на Општина Струга беше токму одлуката на т.н. „големи“ партии но со мали идеи, да не кандидираат свои претставници во Струга. Струга ја напуштија, како ние да се наоѓаме небаре во некоја друга држава, а не во Република Македонија. Тогаш одлучив дека стружани заслужуваат на листата да имаат можност да заокружат и за градоначалник Македонец. Мојата независност може да биде само предност, бидејќи очекувам сите граѓани на Општина Струга да застанат зад мојата кандидатура, без разлика на партиска, верска, или етничка припадност. Бидејќи мојата најважна мисија е овде – во мојата Струга. Мојата визија е нова, модерна и европска Струга, град кој нема да биде заробеник на партиски пазарења и криминални елити, туку општина со ред, дисциплина и развој. Граѓаните треба да гласаат за мене затоа што не должам ништо на партиите – мојата одговорност е само кон народот.

Ad image

2. Има и пофалби и критики за владеењето на актуелниот Градоначалник на Општина Струга. Што е она што најмногу му замерувате и што е она што сметате дека го направил најдобро?

Ad image

РБ: Ќе бидам искрен: секој градоначалник има и успеси и грешки. Разликата е што најголем успех на досегашниот градоначалник на Струга е да заврши на црната листа на САД. Секако, ова го кажувам во иронија, бидејќи навистина не можам да се сетам на ниту еден успешен проект во неговото дваесетгодишно владеење. Она што најмногу му замерувам на актуелниот градоначалник е целосната запуштеност на инфраструктурата – улици полни со дупки, водоводна мрежа со огромни загуби, хаос во паркирањето и депонии што ја загрозуваат животната средина и здравјето на стружани. Дополнително, му замерувам што дозволи партиските интереси и политичките пазарења да бидат поважни од интересите на стружани. Тоа ја уништи довербата кај народот. Струга заслужува повеќе од половични решенија и козметички проекти – заслужува системски пристап, визија и вистинска грижа за граѓаните. Тоа е разликата што јас ќе ја донесам.

3. Што е она што сметате дека треба најитно да се направи за Струга?

РБ: Најголем акцент и приоритет ставам на четири работи. Тоа се дивата депонија која ги гуши сите жители на градот, проблемот со водоснабдувањето, проблемот со училиштата и јавните установи и илегалните градби. Приоритет е целосна реконструкција на улиците и уличното осветлување. Ќе ја модернизираме водоводната мрежа со дигитална контрола и елиминација на диви приклучоци преку инсталирање хидрофори на сите улици и нивно пратење преку дигитализиран центар. Знаете, струшките извори имаат капацитет од 450 л/сек, а за цел град Струга потребни се 150 л/сек. Тоа значи дека градот нема вода само заради дивите приклучоци и кражбите, како и недомаќинското работење на ЈП Водовод и Канализација – Струга. Ако е потребно, ќе обезбедиме пумпни станици директно од езерото, финансирани со европски фондови. Ќе воведеме три групи на потрошувачи на вода – нормално, зголемено, и енормно. Оние кои се во третата група може да очекуваат и нивните сметки да бидат енормни. Тоа од друга страна ќе ни овозможи на семејствата кои се финансиски загрозени, како и пензионерите со ниски пензии да бидат комплетно ослободени од плаќање за вода. Воедно ќе вложиме и во модернизација на канализациионата мрежа и јавните објекти. Приоритет ќе биде префрлување на сите училишта и јавни објекти на гасни централи и изградба на фотоволтаици, кои енормно ќе ја намалат потрошувачката за затоплување. Од друга страна, ќе воведеме превоз за ученици од оддалечените села, кои ќе можат да учат заедно со своите врсници во модерни училишта. Ќе воведеме систем за селекција и рециклирање на отпадот. Да ви дадам едноставен пример: пластичните шишиња и лименки ќе се откупуваат по цена од 10-15 денари, додека стаклото по цена од 2-5 денари. Истите ќе бидат транспортирани во странски држави каде што ќе се врши нивна рециклажа. Со тоа имаме два ефекти, граѓаните ќе бидат поттикнати да вршат селекција на отпадот и поврат на средства, од друга страна општината ќе добива пари назад во фонд за изградба на модерна фабрика за обработка на отпадот по примерот на фабриката за рециклажа во Базел, Швајцарија, со која имаме почетна соработка за да ни помогнат истиот модел да го имплементираме во Струга, која мислам дека ќе премине и во регионална депонија, а крајниот производ ќе биде производство на топлинска енергија за потребите на општината. Оваа инвестиција ќе биде исто така помогната од европски фондови. Со поддршка од Германија и Австрија, Струга ќе добие нови возила за хигиена и комплетно обновен возен парк. Дивата депонија ќе биде минато – ќе изградиме модерен регионален центар за отпад. Ќе се преземат и конкретни мерки за заштита на Охридското Езеро.

4. За жал и Струга како и сите општини во Македонија се соочува со иселувањето. Младите пак, заминуваат со билет за еден правец. Што е она што е неопходно и што може да се направи со цел задржување на младите?

РБ: Отворање нови работни места, спорт и култура! Ќе ја олесниме процедурата за нови инвестиции со брзи дозволи и јасни правила. Ова вклучува комплетна дигитализација на целата општинска администрација, со која граѓаните преку едноставна апликација ќе имаат можност да аплицираат за секакви барања од делокругот на општината, а своите предмети во секое време да им бидат на увид до каде се наоѓа самиот процес. Тоа значи комплетна транспарентност! Ќе формираме бизнис-зона за мали и средни претпријатија. Младите ќе ги поврземе со ИТ-компании и стартапи преку европски фондови и дигитални хабови. Од друга страна, во преговори сме со светски лидери во воена техника, кои се спремни дел од своето производство како и нивниот истражувачки (R&D) оддел да го префрлат токму тука кај нас, во Струга, во Македонија. Почетната инвестиција би се остварувала фазно, со можност за нови над 2.000 работни места само во индустријата за дронови. Понатаму, работам на можноста државата Македонија да се најде на светската карта за изградба на дата-центри за обработка на податоци потребни за Вештачка Интелигенција, бидејќи тука мислам дека лежи македонскиот потенцијал. Ова вклучува можност за отворање на иновациски хаб во соработка со македонски универзитети, кој ќе отвори перспектива не само за младите од Струга, туку и за оние од Охрид и Дебрца. Мојата цел е младите да имаат перспектива дома, наместо да се иселуваат. Од друга страна ќе поддржиме локални уметници и културни иницијативи. Ќе реновираме спортски сали и игралишта и ќе создадеме програми за младите спортисти. Нашата цел е развој на масовниот спорт, не само на елитниот. Струга мора да се врати на стружани. Ние сме познати по ракометот, пливањето, ватерполо, и други спортови. Тоа е она што ќе преставува приоритет за мене. Киното мора да заживее, бидејќи и сега го имаме едно од најголемите во Македонија, но не се користи за ништо, а самиот објект е запоставен од државата. Тоа мора да се промени. Најновите филмови мора да бидат достапни за стружани и охриѓани. Посебен акцент ќе ставам на развојот на театарот и театарски настапи. Тоа е она што го бараат сите во нашата општина, и стари и млади.

5. Струга изобилува со одлични природни богаства. Оттука и потенцијалот за привлекување на туристи. Но дали може Струга да понуда квалитетна туристичка понуда?

РБ: Ќе инвестираме во уредување на кејот и плажите, ќе поддржиме семејни хотели и ресторани, ќе развиеме пешачки и велосипедски патеки и ќе го промовираме селскиот и планинскиот туризам. Ќе креираме календар на културни и туристички настани за Струга да биде атрактивна цела година. Јас се борам Планината Јабланица да биде прогласена за Национален Парк, по примерот на Галичица. Тоа нам стружани ќе ни отвори огромни можности за развој на планинскиот туризам, а од друга страна ќе ја спречи нелегалната сеча на дрво.

▶ Случајно видео

You Might Also Like

Очекуваме Владата на Македонија да ни даде социо-економска помош и политичка поддршка

Интервју со светскиот, а наш Драган Гелев – прогласен за уметник на месецот во Швајцарија

Маријана Деловска: Децата ќе учат во прва смена, со бесплатен превоз, кифла и јогуртче

Лазо Костоски: Време е граѓаните заедно со нас да одлучуваат за иднината на Карпош

Андов: Ќе работиме со чесност и одговорност – секоја одлука ќе биде во интерес на граѓаните

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?