Во Скопје е регистрирана тешка кражба во објект што се наоѓа во сопственост на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата поднесена на 5 јануари 2026 година околу 9 часот, кражбата се случила во периодот од 2 до 5 јануари, во барака лоцирана на подрачјето на општина Карпош. Непознати сторители, со употреба на физичка сила и алат, насилно влегле во објектот и извршиле провала.
При кражбата, од сеф биле одземени неколку парчиња огнено оружје, кое било во сопственост на службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат интензивни мерки за расветлување на случајот, идентификација и пронаоѓање на сторителите, како и за враќање на одземеното оружје.
Истрагата е во тек.


