Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Општина Делчево: Започна реконструкцијата на ул „Индустриска“

04.02.2026 12:31
Сподели

Од денеска започнаа градежните работи за реконструкција на улицата „Индустриска“, каде се инвестираат над 20 милиони денари средства од Владата на РМ во два проекти. Улицата се реконструира во должина од 500 метри, односно од мостот на река Брегалница до клучката на транзитниот булевар „Македонија“.  Работите ги изведува фирмата „Стојменов“ од Кочани која има обврска комплетно да ја реконструира улицата со ширина од 6 метри на коловозот, со поставување нов асфалт, замена на долен строј и реконструкција на тротоарите.

Увид во текот на работите направи градоначалникот Иван Гоцевски кој истакна дека „Индустриска“ прераснува во современа сообраќајница по сите стандарди.

-Со овие градежни зафати комплетно се решава еден од најголемите предизвици во изминатиот период и една од најфреквентните улици во градот и главна сообраќајница што го поврзува индустрискиот дел, градскиот пазар и населбите Расадник и Трети Реон, ќе добие нов урбан лик и ќе прерасне во современа сообраќајница која ќе даде поголема безбедност во сообраќајот за сите учесници. На оваа улица веќе почна да се применува привремен режим во сообраќајот и апелирам на почитување на поставената сигнализација, нагласи Гоцевски

Банер

Вредноста на реконструкцијата е 11, 9 милиони денари, цена со ДДВ, а средствата се обезбедени од Владата на РМ преку Министерството за транспорт и врски.

Инаку, претходно на оваа улица заврши и поставувањето на атмосферската канализација која е дел од проектот за изградба на атмосферска канализација во Централното градско подрачје во должина од над 1 000 метри и ги опфаќа улиците „Индустриска“ и ул „ЕДЕН“ во Централното градско подрачје. Со овој проект, конечно, се решава еден од најголемите инфраструктурни предизвици во овој дел на градот. Новата атмосферска канализациска мрежа во голема мера ќе ги зафаќа и атмосферските води од населбата Милково Брдо, а со тоа ставаме крај на деценискиот проблем со поплавите кои се случуваа и овие атмосферски води се спроведени во реката Брегалница.

Ad image

-Со овој инфраструктурен проект поддржан од Владата на РМ преку Министерството за животна средина уште еднаш докажуваме дека работиме плански, посветено почитувајќи ги сите стандарди за вакви инфраструктурни проекти и обезбедуваме современи услови и создаваме безбедна и урбана средина, истакна Гоцевски.

Вредноста на овие работи изнесува 8,4 милиони денари цена со ДДВ, а изведувач на работите беше фирмата ВОД-ВАР Инженеринг.

Извор:www.delcevo.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Миле Трајковски е новиот претседател на Советот на Општина Крива Паланка

7 декември: Втора масовна акција за пошумување „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“

30 октомври: Kонцерт „Филип Динев СК404“

29 aвгуст: ФИЈУК- Меѓународен книжевно-уметнички саем во Гевгелија

Општина Пробиштип со соопштение за Водици 2026

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Карпош: Засадени 59 дрвја во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Локално

Терестичка дезинсекција и третман против крлежи на територија на Општина Куманово

Локално

Димоски: Карпошани се со години угнетувани – салата „Партизан“ мора да остане на Општина Карпош

Локално

Без вода утре делови од Љубанци и Тафталиџе

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?