Карпош: Засадени 59 дрвја во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Основците од четврто до седмо одделение од ООУ „Братство“, во рамки на своето училиште денеска одржаа едукативна работилница, која се реализираше во соработка со Европската организација UNOPS-EU FOR CLEAN AIR и Првиот Скопски извиднички одред.

Притоа, четвртоодделенците изработуваа куќички за птици, петоодделенците решаваа еколошки тестови, шестоодделенците симулираа (изработија) еко-систем во тегла, додека пак седмоодделенците се натпреваруваа во популарната игра, џиновска „Џенга“.

По тој повод, Европската организација UNOPS и донираше на општина Карпош 80 садници од типот PLATANUS ORIENTALIS, а 59 садници од нив ќе бидат насадени во основните училишта а 21 садница во градинките низ Карпош, во чест на младите луѓе кои трагично ги загубија своите животи во катастрофалниот пожар во Кочани.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава