Објавени се официјалните податоци за продажбата на нови автомобили во Македонија за првиот месец годинава. Според истите, во јануари биле продадени односно регистрирани 344 нови патнички автомобили.
Притоа, со 50 продадени автомобили, најпродаван бренд е Škoda. Следи Dacia со 45 продадени автомобили, а во најпродаваната тројка е уште Kia со 39 автомобили. Следат Toyota и Hyunda со 35 односно 23 паатнички автомобили.
Во однос на комерцијалните возила, најпродаван бренд е Renault со продадени 24 возила од вкупно 76 што се продадени во јануари.