Еве каде се најдобрите, а каде НАЈЛОШИТЕ возачи во светот – Америка и Канада меѓу најопасните!

Австралискиот портал Compare the Market спроведе сеопфатна студија за да открие каде се најдобрите возачи во светот – резултатите се изненадувачки.

Истражувањето ги зема предвид следниве фактори: позитивни објави на социјалните мрежи, дозволено ниво на алкохол во крвта, број на сообраќајни несреќи со смртни последици, ограничување на брзина, квалитет на патната инфраструктура и индекс на сообраќаен метеж.

Најдобро рангирани земји:

  1. Јапонија

  2. Холандија

  3. Норвешка

  4. Естонија

  5. Шведска

  6. Австрија

  7. Швајцарија

  8. Шпанија

  9. Сингапур

  10. Португалија

Јапонија е на врвот благодарение на ниската дозволена граница на алкохол (0,3 г/л), позитивните коментари на социјалните мрежи и одличната инфраструктура. Забележително е дека 8 од 10 најдобро пласирани земји се од Европа.

Од друга страна, листата на најлоши возачи изгледа вака:

  1. Тајланд

  2. Перу

  3. Либан

  4. Индија

  5. Малезија

  6. Аргентина

  7. САД

  8. Турција

  9. Канада

  10. Бразил

Тајланд има највисока стапка на смртни случаи во сообраќајот – 32 на 100.000 жители. Неочекувано е што САД и Канада се најдоа меѓу десетте најлоши земји, што укажува на сериозни слабости во нивниот сообраќаен систем.

Истражувањето уште еднаш покажува колку се важни добрата регулација, инфраструктурата и културата на возење за безбедноста на патиштата.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава