Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

Првата жена стрелана во Грција од политички причини – 79 години од убиството на Мирка Гинова

Сподели

На денешен ден пред 79 години, во Ениџе Вардар, беше стрелана Мирка Гинова – првата жена во историјата на Грција егзекутирана од политички причини. Нејзината смрт не само што остави длабок траг во историјата на македонската и грчката борба против фашизмот, туку и засекогаш ја врежа нејзината слика како симбол на женска храброст, достоинство и непоколеблива верба во идеалите.

Родена во село Русилово, Воденско во 1916 година, Гинова уште од млади години била активна во отпорот против фашистичката окупација на Грција за време на Втората светска војна. По ослободувањето, таа се приклучува на движењето против новата реакционерна власт, во време кога земјата повторно се соочува со воени конфликти – овојпат меѓу левичарските и десничарските сили.

На 6 јули 1946 година, Мирка Гинова во близина на Воден, на планината Почеп, формира мала партизанска чета. Во акција на грчката жандармерија, одредот бил опколен. Иако единствено таа била вооружена, успеала да убие двајца жандарми, но останала без муниција и била заробена со уште шест соборци. Следувало брутално малтретирање – ја влечеле по улиците со искината облека, крвава, но исправена и со насмевка за народот што ја гледал. Подоцна била мачена – тепана со кундаци и железни жици, со шајки под ноктите и електрошокови низ телото. Во еден момент ја закопале жива до врат, пукајќи над нејзината глава.

- Advertisement -

На 25 јули 1946 година, во градското училиште во Ениџе Вардар, воен суд ја осудува на смрт заедно со шестмина другари. Два дена подоцна, на 27 јули, таа храбро ја дочекува смртта. Не дозволила да ѝ ги врзат очите, ја пеела „Интернационалата“ и извикувала „Ура за Комунистичката партија на Грција!“.

На судењето гордо изјавила:

“Македонка сум и верувам во ГКП, бидејќи само таа партија ги претставува желбите на луѓето во Грција и гарантира за Македонците еднакви права со сите други. Се борев против Германците … и сега сум горда дека умирам, бидејќи се борев против новите окупатори.”

Еден грчки војник, сведок на нејзината егзекуција, во писмо до нејзиниот татко напиша:
„Ви честитам за ќерката што сте ја родиле. Ја пресретна смртта со насмевка. Ви ги пренесувам нејзините последни зборови: ‘Умирам за нешто во што верувам со сета душа, за поарен живот на другите, а не за мојот’.“

И денес, по речиси осум децении, Мирка Гинова останува симбол на отпорот, на достоинството и на жената што не се поколебала пред смртта во борбата за слобода и правда.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Која била единствената жена претседател на Собранието на Македонија?

На денешен ден 1941 година за прв пат е испеана „Денес над Македонија се раѓа“

„Кралу Александру, еве ти ја Македонија“

Се сеќаваме на Петре Пирузе

Помен: Христијан Тодоровски – Карпош (1921 – 1944)

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македониум

59 години од смртта на Стале Попов

Македониум

81 година од смртта на Никола Парапунов – симболот на партизанското движење во Пиринска Македонија

Македониум

За човекот кој живееше и умре за Македонија

Македониум

Јас ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?