Помен: Христијан Тодоровски – Карпош (1921 – 1944)

7 февруари 2025 година, Куманово, Македонија – На денешен ден, на 7 февруари 1944 година, одбележуваме 81 години од убиството на народниот херој Христијан Тодоровски – Карпош.

Христијан Тодоровски – Карпош е роден во Куманово, на 3 септември 1921 година. Тој е Македонец, бил комунист, истакнат македонски партизан во Народно-ослободителната војна на Македонија во Втората светска војна.

Како ученик станал член на СКОЈ уште од 1939 година. Поради неговите прогресивни идеи, бил избркан од средното училиште и не му било допуштено да се запише во било кое друго средно училиште во тогашното Кралство Југославија.

Во 1941 година учествува во прибирање на оружје, растурање на памфлети и дистрибуција на билтенот “Дедо Иван“, кој бил издаван од страна на градската партизанска организација.

Се истакнал како организатор на Народно-ослободителната антифашистичка војска на Македонија.

Бил член на Козјачкиот партизански одред од 12 октомври 1941 година и член на партизанскиот штаб од Куманово. Откако одредот бил разбиен, преминал во Вториот јужно-моравски одред и Кукавичкиот одред, наизменично 1942-1943 година.

На 26 јуни 1943 година станал командант на Кумановскиот партизански одред, кoj пoстeпeнo нараснал и на 1 декември 1943 година бил официјално преименуван во Прв кумановски баталјон “Јордан Николов – Орце“.

Бил убиен од страна на бугарскиот фашистички окупатор на 7 февруари 1944 година, за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во селото Билјача, Прешевско.

Во негова чест се испеани неколку партизански песни: “Битка се бие кумановско поле“, “Давај ме, мила мамо, давај ме“, “Горо ле, горо зелена“ и “Марш на Трета македонска бригада“.

Бил прогласен за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување, заедно со Стеван Наумов – Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Мирче Ацев и Кузман Јосифовски – Питу.
Вечна му слава и памјат. Бог да го прости. Амин!
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава