Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

59 години од смртта на Стале Попов

10.03.2024 07:05
Сподели

На денешен ден 1965 година во Скопје починал Стале Попов, еден од најистакнатите македонски раскажувачи и романописци.

Роден е на 25 мај 1902 година во малото село Мелница, Мариово, како трето од петте деца на манастирскиот слуга Илија Сталев. Набргу умрела мајка му Неда (1908) и малиот Стале останал на товар на татко му и не многу постарите деца – сестрата Трна и братот Ѓуро, а во меѓувреме умреле и двете деца помали од него. Татко му, кој цели 18 години бил манастирски слуга, станал поп во Витолиште и заедно со децата се преселил во ова најголемо и централно мариовско село. Тука, Стале го минал детството, години исполнети со тежок живот и многу мечти за поубава иднина при што помагал во домашните работи, одел по дрва во блиските планини, а во слободното време со другарите ловел риби во блиските реки. Исто така, во селото го започнал образованието кај учителот Бино, кого подоцна често ќе го споменува во неговите дела. На 14-годишна возраст, Стале Попов за првпат го напуштил Мариово и дошол во Прилеп, а потоа се вработил во Плетвар. Во Балканските војни, додека вујко му Јован Ѓуров бил кмет во Витолиште, малиот Стале бил помошник-писар.

Во Прилеп, Стале Попов се запишал во гимназија, но поради војните го прекинал школувањето, а завршил богословија во Битола, а подоцна дипломирал на Теолошкиот факултет во Белград. Сепак, тој никогаш не се запопил, а пред Втората светска војна работел како земјоделец, дрвар, овчар, трговец, бакал, службеник во тогашната Народна скупштина, општински чиновник, шумар и тутунски работник.

Банер

По завршувањето на училиштето и отслужувањето на воениот рок, Попов се вработил во општината во Битола, а потоа и како писар во Духовниот суд во овој град, со надеж да се запопи и да го замени татка си на парохијата. Но, набргу умрела жена му и по два месеца службување, тој ја напуштил Битола и се вратил во родниот крај да се грижи за своите мали деца. Но, како последица на неговиот немирен дух, во 1930 година пак го напуштил Мариово и се преселил во Прилеп каде што се вработил во Пореската управа. И оттука бил отпуштен и кон крајот на истата година бил преместен во Лесковац, каде што работел како полициски писар. Потоа, преминал на служба во Крушевац, а оттаму пак се вратил во Битола, а потоа ја напуштилл Македонија и заминал во Белград, каде што се вработил како висок службеник во Општото одделение на Собранието на Кралството Југославија. Претчувствувајќи го она што набргу ќе се случи, точно на 27 март 1941 година го напуштил Белград и се вратил во родното Мариово.

Во текот на НОБ, Попов го помагал партизанското движење, додека за време на бугарската окупација на Македонија бил интерниран во Неврокопско (Бугарија). По ослободувањето на земјата, Стале Попов станува претседател на Околискиот народен одбор во Прилеп, потоа работел како управник на Шумската дирекција, а во 1948 година се вработил како професор по руски јазик во гимназијата „Цветан Димов“ во Скопје. Меѓутоа, кога фондот на часовите по овој предмет бил намален, Стале Попов минал на работа во основното училиште „Браќа Миладиновци“ каде предавал македонски јазик, историја, биологија и руски јазик. Од ова работно место, тој се пензионирал во септември 1959 година. По неуспешното лечење во Интерното одделение на Градската болница во Скопје (октомври 1964) и во Нишка Бања (јануари 1965), Стале попов починал во Скопје на 10 март 1965 година.

Стале Попов започнал многу рано да пишува, но како писател се оформил непосредно по Втората светска војна. Првите раскази „Мице Касапче“ и „Петре Андов“ ги објавил во списанието „Современост“. Вистинска литературна афирмација доживеал со својот прв роман „Крпен живот“ (1953) чиј втор дел излегол во 1954 година. Веднаш потоа напишал низа дела и станал еден од најплодните романописци и раскажувачи во македонската книжевност. Во 1953 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија. Тој е автор и на следниве дела: „Итар Пејо“ (раскази, 1955), „Толе Паша“ (роман, 1956), „Опасна печалба“ (подолга проза, 1956), „Калеш Анѓа“ (роман, 1958), „Дилбер Стана“ (роман, 1958), „Мариовскиот панаѓур“ (новела, 1961), „Помеѓу небото и земјата“ (раскази, 1963), „Шаќир војвода“ (романсирана биографија, 1966), „Необично дете“ (роман, 1966), „Доктор Орешкоски“ (роман, 1966), „Ловечки приказни“ (во текот на повеќе години). Неговите собрани дела биле објавени во неколку наврати: 1966 (12 тома), 1976 (12 тома) и 1987 (4 тома). Во спомен на неговото дело, во 1975 година била воспоставена годишната награда „Стале Попов“ која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

„Ѕверови! Јас сум Страшо Пинџур! Доста е тоа за вас!“ – Годишнина од убиството на Страшо Пинџур

Каде е срцето на Македонија? Официјално означена точката на Кожуф

38 години без Драган Ѓаконовски – Шпато

На денешен ден Ѓорѓи Сугарев бил предаден од Параловци

Сеќавање: 21 година без Ѓорѓи Колозов

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македониум

61 години од смртта на Стале Попов

Македониум

93 години од раѓањето на Дарко Дамески – еден од најистакнатите македонски глумци

Македониум

Тошо Даскалот – учителот што ја замени таблата со оружје

Македониум

103 години живот посветен на татковината – роденден на Никола Стојановски

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?