Почитувани наши другари, пријатели, почитувачи и медиуми ве информираме дека на 13 декември во МКЦ со почеток од 19:30 прославуваме 30 години од формирањето на рап групата Пука Козметика. Во киното Фросина започнува да се раскажува приказната на групата од своите почетоци до денес, во лобито потоа е предвидена промоција на винил изданието 30 години Пука Козметика и коктел за присутните, за вечерта кон 22:00 во денсинг салата да продолжи музичкиот дел со концерт на Пука Козметика и другарите. Билети може да се набават на МК ТИКЕТС по цена од 300 денари : https://mktickets.mk/event/30-godini-puka-kozmetika/
Пука Козметика е група на пионери на македонскиот рап, формирана декември 1995 година од браќата Жарко и Дарко Масларковски заедно со Мартин Георгиевски и Видомир Андреевски. Во следната 1996 веќе почнуваат да работат на свои авторски песни, а 1997 веќе попрофесионслно навлегуваат во процесот на снимање и настапи. Првиот официјален албум на групата е издаден 2006-та, следува троен албум во 2012-та, како и многу албуми и соработки во Токсикологија Мјузик.
Во повеќе децениското постоење групата има многу самостојни концерти и настапи (клубски и фестивалски), во Македонија и регионот,а посебно како предгрупа на еминентни рап артисти од Светот. Во периодот што следи најавуваме две нови песни од новиот албум, како и видео записи и неколку фотосесии. Прославите на роденденот 30 години Пука Козметика во 2026та продолжуваат низ градовите во Македонија.

