Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Музика и филм

84 години од раѓањето на Ристо Шишков – еден од најголемите македонски актери

23.03.2024 21:13
Сподели

На денешен ден, 23 март 1940 година во селото Мрсна, Серско, Егејска Македонија, бил роден Ристо Шишков – еден од најистакнатите македонски филмски и театарски глумци.

Негови глумечки искуства ги започнал 1957 година, глумејќи во Народниот театар “Антон Панов” во Струмица. Таму ги одиграл улогите во претставите: “Ноќи на гневот”, “Лажливец” како и “Круг со креда”. Шишков се игра како еден од ликовите во драмата „Вечната куќа“ на Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски. Во првата сезона, улогата ја толкувал син му Васил.

Покрај бројните театарски улоги, толкувал и филмски. Покрај броните улоги, како главна улога се издвојува во филмовите:
•    1966: До победата и по неа
•    1967: Каде по дождот
•    1967: Македонска крвава свадба
•    1968: Планината на гневот
•    1969: Републиката во пламен
•    1971: Црно семе
•    1972: Истрел
•    1975: Јад
•    1976: Најдолгиот пат
•    1981: Црвениот коњ
•    1984: Нели ти реков

Банер Банер BrandEcho

Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои:

  • 1962, Крагуевац — Награда за улогата во пиесата „Време, огин и човек“
  • 1967 ФФАО, Ниш — Награда за најдобра машка улога во филмот “Македонска крвава свадба”
  • 1968 ФФАО, Ниш — Специјална награда за улогата во „Планината на гневот“
  • 1970 Стериина Награда Нови Сад за претставата “Парите се отепувачка” во режија на “Бранко Ставрев”
  • 1976 ФФАО, Ниш — Повелба за машка улога во „Најдолгиот пат“
  • 1977 МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп — Добитник на една театарска награда за улогата во претставата „Крчма под зеленото дрво“.
  • 1979 Стериина Награда Нови Сад за претставата “Кенгурски скок” во режија на “Бранко Ставрев”
  • 1981 ФФАО, Ниш — Повелба за машка улога во “Црвениот коњ”

Обвинет како националист, сепаратист и хегемонист на 15 јануари 1980 заминува во затвор. По боледување умира на 17 јуни 1986 година во Скопје.

Ad image

Песна од Ристо Шишков

Земи ги… очиве
моиве две остри сабји
нанижи си ги како два… Види повеќе
златни синџири
околу твоите бели гради.
Земи ја… устава
од неа вода да пиеш
јас ќе си одам в планина
и ќе ти бидам комита.
Јас сум ти твојот комита
Ристо Беломорски,
од Грамос и Вичо Планина
роден во време опасно,
време комунистичко.
Комунистиве глава кренаа
и мене в зандана турија
за моја жална
Македонија.
Комунистиве ми даваат
рубата комитска
да се претворам во
Турунџе
да се претворам во Гули
војвода
за да си ладам душава
душава моја изгорена.
Не сум ти јас Турунџе
ниту сум Гули војвода
јас сум си самиот комита-
Ристо Беломорски
Дај ми го….шмајзерот
јас да си одам в планина
там да си најдам дружина
дружина одбор комити.
На Грамос
ќе најдам Делчета
на Пирин ќе најдам
Сандански
на Бигла ќе најдам Јордан
Пиперка.
Дружба да дружам
со комити
дружба да дружам,
бој да си бијам
бој да си бијам со три
ламји со три аждаи
со варварите, татарите и
србоманите
што ми грабнаа убава
девојка,
ја грабнаа и оковаа со три
синџири.
Роб робува убава девојка
роб робува седумдесет
години.
Дај ми ја….сабјата
сабјата дипленица
да си искинам синџири
седумдесетгодишни
да си ослободам девојка
робинка
девојка робинка – лична
Македонија.
Земи ги……..очиве
моиве две остри сабји
нанижи си ги како два
остри синџири
околу твоите бели гради.
Земи ја……..устава
од неа вода да пиеш
јас ќе си одам в планина
и ќе ти бидам комита.
Јас сум ти твојот комита
Ристо Беломорски
од Грамос и Вичо
Планина.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Промоција на „Нудист“, новиот албум на Пијан Славеј

Пука козметика прославуваат 30 години РАП

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)

Зошто старата музика звучи подобро од новата – и дали младите конечно почнуваат да го признаваат тоа?

Концерт на Синтезис за 30-годишниот јубилеј

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Музика и филм

ПРОМО: “Нема жена како тебе” на Јоце Панов ја здогледа светлината на денот

Музика и филм

Никол Кидман и Зак Ефрон во нов филм на „Нетфликс“

Музика и филм

Како вештачката интелигенција го менува светот на музиката: Револуција или закана?

Музика и филм

Жељко Самарџиќ на Античкиот театар: Вечер што Охрид ќе ја памети

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?