Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Путин во посета на Курск, првпат од украинската офанзива во регионот

13.03.2025 09:12
Сподели

Москва, 12 март 2025 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја посети Курската област за првпат откако украинските сили извршија изненаден напад врз регионот во август минатата година, јавиТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Посетата доаѓа во период кога руските сили бележат успеси во Курската област, според руските воени извори.

Путин одржа состанок во еден од командните пунктови на руската војска во регионот и го слушна извештајот на началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов.

Банер

Според Герасимов, руските сили ослободиле повеќе од 1.100 квадратни километри територија во Курската област, што претставува 86 отсто од површината која била окупирана од Украина.

– Украинските вооружени сили изгубија повеќе од 67.000 војници, меѓу кои и нивните најдобро обучени и мотивирани борци, тврди Герасимов.

Овие податоци не можат да бидат независно потврдени.

Главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, реагираше преку Фејсбук, истакнувајќи дека украинските сили ќе продолжат да се борат во Курската област сè додека тоа е неопходно.

Според него, борбите продолжуваат во и околу градот Суџа, при што украинските сили се повлекуваат „на поповолни позиции, доколку е потребно“.

– Животот на војниците ни е приоритет, истакна Сирски.

Украинската агенција Укринформ, повикувајќи се на свои воени извори, тврди дека Русија загубила околу 55.000 војници во Курската област од почетокот на украинската офанзива на 6 август, од кои над 22.000 биле убиени.

Овие податоци не можат да бидат потврдени од независни извори.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кина остро реагира на еднострани тактики на САД против Венецуела

Британскиот премиер прифатил подароци и донации во вредност од 100.000 фунти

Шолц: Предлогот на Трамп за раселување на Палестинците од Газа е неприфатлив

Трамп: Иран бара услови на кои не можам да се согласам во последниот предлог за мир

Иран подготвен за компромис: Контрола на нуклеарниот програм за укинување на санкциите

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Каде се пријателите на Иран?

Свет

Евростат: Лани во ЕУ работеле 362.400 професионални пожарникари

Свет

Словачка поставува ултиматум: Прекинување на струјата за Украина?

Свет

Нигерија во борба против тероризмот: Уапсени 18 лица поврзани со Боко Харам

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?