Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Британскиот премиер прифатил подароци и донации во вредност од 100.000 фунти

18.09.2024 20:30
Сподели

Лондон, 18 септември 2024 (МИА)  – Британскиот премиер Кир Стармер објави дека износот на подароци, бесплатни билети за концерти и натпревари и бесплатно сместување сега надминува 100.000 фунти, што е повеќе од кој било друг лидер на лабуристите или конзервативците што имал во последните години, објави денеска Гардијан.

Премиерот прифатил речиси 40 бесплатни билети додека бил лидер на Лабуристите, главно за фудбалски натпревари, но и билети во вредност од 4.000 фунти за концертите на Тејлор Свифт и за Колдплеј од 698 фунти.

Оваа недела премиерот се најде на удар на критиките за подароците што му ги дал лорд Али, кој платил за работната облека на Кир Стармер 12.000 фунти, сместување во вредност од над 20.000 фунти и очила вредни 2.485 фунти. Голем дел од оваа сума била обезбедена за време на изборниот период, но по победата на лабуристите во јули, премиерот пријавил уште 4.000 фунти во билети за концертот на Тејлор Свифт и сместување од Али во вредност од 20.000 фунти. Лабуристите одбија да кажат дали Али го финансирал хотелското сместување на Стармер за време на изборите или тој позајмил еден од неговите имоти како база.

Банер Банер BrandEcho

Дејвид Камерон, пак, додека бил лидер на опозициската партија,  пријавил дека добил подарок еден сет билети за Светскиот куп во рагби и за тренинзи, во вредност од 4.475 фунти. Поранешниот лабуристички лидер Џереми Корбин откри дека земал билети за фестивалот Гластонбери во вредност од околу 450 фунти за член на семејството две години по ред, но не прифатил гостопримство како лидер на лабуристите од 2015 до 2020 година – освен книгата од првото издание донирана на музеј. Откако ја напушти таа позиција, тој пријавил околу 600.000 фунти донации во неговиот фонд за правни случаи.

Поранешните конзервативни премиери Борис Џонсон, Лиз Трус и Риши Сунак немаат споредливи пријави за подароци, бидејќи тие станаа премиери веднаш по преземањето на функцијата лидери на нивните партии.

Од Пандорка Арсовска-Гацова/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска, денеска уапсени три лица

Писториус за прислушкуваниот разговор: Путин води информативна војна против Германија

Израел повторно напаѓа цели на Хезболах во Бејрут

Турција и Ирак потпишаа 11 договори за соработка во клучните сектори

Русија го изврши третиот напад со балистички ракети врз Киев овој месец

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Федерален судија и нареди на администрацијата на Трамп да го врати Гласот на Америка

Свет

Латвија протерува 841 руски државјанин

Путин се согласи да потпише договор за стратешко партнерство меѓу Русија и Иран

Балкан

Во Србија просечната плата во март била 920 евра

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?