Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

САД ја зголемија наградата за апсење на Николас Мадуро на 25 милиони долари

Сподели

Вашингтон, 11 јануари 2025 (МИА) – САД вчера воведоа санкции за осум венецуелски функционери и на 25 милиони долари ја зголемија наградата што ја нудат за апсење на претседателот на земјата, Николас Мадуро, на денот на неговата инаугурација за трет мандат по спорните избори одржани минатата година, пренесуваат британските медиуми.

САД понудија и награди за информации што ќе доведат до апсење или осудување на министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабело, а понудена е и нова награда до 15 милиони долари за министерот за одбрана Владимир Падрино, јави Би-Би-Си.

САД санкционираа осум венецуелски функционери, вклучително и неодамна назначениот директор на венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА, Хектор Обрегон и министерот за транспорт Рамон Веласкез.

- Advertisement -

Во исто време, Велика Британија санкционираше 15 лица поврзани со режимот на Мадуро, вклучително и судии и службеници од безбедносните и воените сили, за наводно кршење на човековите права и поткопување на демократијата и владеењето на правото.

Британската влада објави дека целта на санкциите е одговорните за човековите права и антидемократските активности да се изведат „пред правдата“.

Земјите-членки на Европската унија ги проширија санкциите против Венецуела на 15 нови членови на Националниот изборен совет, судството и безбедносните сили на земјата.

Во моментов во Венецуела вкупно 69 лица се предмет на санкции на ЕУ, кои вклучуваат замрзнување на имотот и забрана за патување во ЕУ, пренесоа британските медиуми.

Претседателот Николас Мадуро и неговата влада секогаш ги отфрлаа санкциите на САД и другите земји, тврдејќи дека тие се „нелегитимни“ и претставуваат „економска војна“ насочена кон ослабување на Венецуела.

Од Сашко Димевски/МИА

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Експерти на ОН го обвинуваат Израел за геноцидни постапки и сексуално насилство во Газа

Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна

Турски новинар: “Не можете да ја обвинуваате цела Турција за вашите проблеми!”

Политико: Дали е ова крај за НАТО?

Големиот корален гребен во Австралија е загрозен, температурата на морето највисока во последните 400 години

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Косовската полиција постави бетонски пречки за камиони кај Брњак (КРГ)

Свет

СБ на ОН одобри резолуција за „брз прекин“ на војната во Украина, предложена од САД

Свет

Британската разузнавачка служба ќе се потпре на темната мрежа за нови регрутирања

Свет

Мексико повторно повикува на почитување на суверенитетот на нациите

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?