Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Политико: Дали е ова крај за НАТО?
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Политико: Дали е ова крај за НАТО?
Свет

Политико: Дали е ова крај за НАТО?

16.02.2025
Share
SHARE

Минхен, 15 февруари 2025 (МИА) – Додека се собраа на самитот, европските официјални лица се уште беа оптоварени од 90-минутниот телефонски разговор на Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, како и од коментарите дадени во Брисел оваа недела од американскиот секретар за одбрана Питер Хегсет.

За поранешниот литвански министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, најзанемарената линија од обраќањето на Хегсет беше предупредувањето дека реалноста ќе ги спречи САД да продолжат да бидат гарант за безбедноста на Европа. Како и многу други, Ландсбергис го гледа крајот на една ера. „Ова може да го означи самракот на НАТО, особено ако се земе предвид она што мислам дека Вашингтон наскоро ќе го објави, а тоа е повлекување на 20.000 американски војници од Европа“, изјави тој за Политико.

Хегсет во тоа време беше во Варшава, каде што најави намалување на бројот на војниците и ги предупреди веќе загрижените европски сојузници. „Сега е време за инвестирање, бидејќи не можете да претпоставувате дека американското присуство ќе трае вечно“, им порача тој.

Американските пратеници присутни на самитот се обидоа донекаде да ги смират загрижените европски претставници, но без голем успех. Меѓу нив беше и сенаторот Роџер Викер, претседател на моќната Комисија за вооружени служби на Сенатот, кој рече дека Хегсет направил дебитантска грешка во Брисел. „Не знам кој го напиша неговиот говор, но Такер Карлсон можеше да го напише. Карлсон е будала“, рече Викер, обидувајќи се да ги убеди европските сојузници дека Трамп се уште слуша многу сериозни луѓе во неговата администрација.

Викер додаде дека Хегсет веќе омекнал некои од своите поостри изјави, но призна дека тоа се уште не го сторил кога станува збор за губењето на американската гаранција за безбедноста на Европа, што директно го поткопува членот 5 на НАТО, кој ги обврзува членките на алијансата на колективна одбрана.

„Да бидеме јасни, претседателот Трамп нема да дозволи чичко Сем да се претвори во вујко наивен“, беше една од изјавите на Хесгет што предизвика најголема загриженост.

„Директниот пристап на Трамп кон Путин, во комбинација со секретарот за одбрана Хегсет во Брисел кој ги информира сојузниците дека САД однапред се согласуваат со некои клучни руски барања уште пред да почнат преговорите, претставува двоен удар не само за Украина, туку и за иднината на Европа“, рече Кир Гилс од Чатам Хаус.

Во меѓувреме, говорот на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во Минхен, чија цел беше критикување на демократските практики во Европа, не направи ништо за да ги смири загрижените европски сојузници, ниту Американците наклонети кон НАТО.

Неговиот говор беше примен студено, со повремен млак аплауз и неколку љубезни тремања со главата, особено откако почна да зборува за миграцијата како закана за европската цивилизација. „Заканата што најмногу ме загрижува за Европа не е Русија, не е Кина или некој надворешен фактор. Она што ме загрижува е заканата одвнатре“, рече Венс.

Венс ја игнорираше и темата за војната во Украина.

„Можеби на Европа и требаше електричен шок за да се разбуди и да стане поактивна и независна“, вели поранешниот германски дипломат Волфганг Ишингер. Тој, исто така, смета дека европските лидери се делумно виновни за ситуацијата за која сега жалат.

Имаа доволно предупредувања за тоа што би можел да донесе втор мандат како претседател на САД, но, според него, премногу бавно реагирале во зголемувањето на сопствените трошоци за одбрана и преземање на поголем дел од трансатлантскиот товар.

Наследникот на Габриелиус Ландсбергис, Кестутис Будрис, се согласува дека Европа заостанува.
„Навистина доцниме. Треба да забрзаме, да покажеме дека имаме вистинска одбрана и дека сме подготвени, способни и обучени за борба“, рече тој. Тој додаде дека за опстанок на НАТО ќе биде потребна заедничка свест за сериозноста на ситуацијата меѓу сите сојузници.

Но, некои се прашуваат дали сега е доцна и стравуваат дека администрацијата на Трамп повеќе не е сојузник, туку противник. „Сега имаме сојуз меѓу рускиот претседател кој сака да ја уништи Европа и американскиот претседател кој го сака истото. Трансатлантскиот сојуз е завршен“, изјави висок функционер на ЕУ за Политико, кој сакаше да остане анонимен.

Од Златко Шумковски Извор МИА

You Might Also Like

Вучиќ ја потпиша согласноста за враќање на задолжителниот воен рок во Србија, Владата ќе ја донесе таа одлука

Во Косово денеска почнува пописот на населението, резултатите се очекуваат по три месеци

Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на ракети за повеќе од 800 милиони долари на Холандија

Во Хрватска нов бојкот на продавниците

Си Џинпинг вети 50 милијарди долари и еден милион работни места за Африка

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?