Државјанин на Норвешка бил приведен на скопскиот аеродром при обид да ја напушти државата, откако при гранична контрола било утврдено дека неговиот пасош е некомплетен.
Инцидентот се случил на 13 јануари 2026 година, околу 15:40 часот, на Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата. Полициските службеници при рутинска проверка утврдиле дека во патната исправа на В.А. (53) од Норвешка недостасуваат неколку страници, што претставува прекршување на прописите.
Поради сомнеж за незаконито постапување со патна исправа, лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции при Министерство за внатрешни работи во Скопје.
По целосно документирање на случајот, против норвешкиот државјанин ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат надлежните.

