Лишен од слобода прилепчанец за „тешка кражба“ во продавница во Прилеп

ФОТО: МВР

Скопје, 8 април 2024 (МИА) – Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 10.50 часот во Прилеп го лишиле од слобода Џ.П.(41) од Прилеп.

-Тој се сомничи дека околу 5.30 часот извршил „тешка кражба“ во продажен објект во Прилеп, при што одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица, информира Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од Хатка Смаиловиќ Извор МИА

Сподели ја оваа објава