Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Големина на фонтAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Големина на фонтAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Следете не'
Локално

Советот на Карпош ѝ се спротивстави на одлуката на Владата за одземање на салата „Партизан“

09.07.2025 15:24
Сподели

Со 14 гласови „за“ и 7 „против“, Советот на Општина Карпош на денешната вонредна 69-та седница го усвои заклучокот со кој изрази противење на одлуката на Владата на Република Северна Македонија да ѝ ја одземе спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – позната како сала „Партизан“ – која досега беше во трајно владение на општината.

Во обраќањето пред советниците, градоначалникот Стевчо Јакимовски посочи дека Владата ја донела одлуката без приложено образложение, што, според него, е сериозен пропуст и непочитување на законската процедура. Јакимовски потсети дека со одлука на претходната Влада во 2019 година, објектот бил впишан во Агенцијата за катастар како имот во трајно користење на Општина Карпош.

Општината, нагласи тој, во меѓувреме инвестирала околу 4 милиони денари за санирање технички недостатоци во салата, со што таа повторно станала функционална. Советот донел повеќе одлуки со кои делови од објектот се дадени на користење, некои со, а некои без надомест.

Банер Банер BrandEcho

„Најмалку што можеше да направи Владата е да ја извести Општина Карпош и да отвори дијалог пред да донесе ваква одлука,“ изјави Јакимовски, нагласувајќи дека средствата за инвестициите се пари на граѓаните на Карпош.

Советниците истакнаа дека начинот на донесување на оваа одлука е непринципиелен и штетен, бидејќи е спроведен без консултации и без побарано мислење од локалната самоуправа. Со усвојувањето на заклучокот, Советот го задолжи градоначалникот и стручните служби да преземат понатамошни правни чекори пред надлежните институции, со цел да се заштити општинскиот интерес и јавниот имот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни линкови
Поважни линкови од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Велес: Градскиот стадион добива нова атлетска подлога: Подготовките завршени!
3 декември: Изложба на дела од колекцијата на Национална галерија на РМ „Жанр сцени“ во Гевгелија
Патрониот Празник на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“: Честување на Херојот од Иванковци
Нефункционални семафори кај Реплек: Закана за безбедноста, институциите молчат
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Центар
Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Гевгелија во својот највкусен, најзвучен и најкултурен облик: „Вкуси го југот“- тридневна прослава на идентитетот, традицијата и гастрономијата

Локално

Советот на Пробиштип се состанува: Што носи 9-та редовна седница?

Локално

Општина Делчево: Соопштение за поднесување даночна пријава за недвижен имот

Локално

Театарскиот фестивал „5РЕ“ слави 5 години со спектакуларна програма

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?