Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

Смртта на Јонко Вапцаров: живот помеѓу идеалот и пресметките

21.01.2026 07:41
Сподели

На денешен ден, 21 јануари 1939 година, згаснува животот на Јонко Вапцаров, еден од најконтроверзните и најактивни учесници во македонското револуционерно движење на крајот од XIX и почетокот на XX век, татко на поетот Никола Вапцаров и човек чија судбина ја следеше драмата на македонската борба.

Роден во пиринското Банско, тогаш дел од Отоманското Царство, Вапцаров уште од младоста бил втурнат во немирниот тек на историјата. Смртта на неговиот татко во ослободителните борби оставила длабок белег, а револуционерниот пат за него не бил избор, туку судбина. Со ограничено формално образование, но со силна национална и социјална свест, тој рано се вклучил во револуционерните структури и станал дел од ВМОРО, каде што покажал организациски и воен капацитет.

Како секретар на Банскиот револуционерен комитет и подоцна како војвода во Разлошко, Вапцаров бил директно вклучен во некои од најпознатите акции на македонското револуционерно движење, вклучително и судирите со врховистите и учеството во меѓународно одекнатата афера „Мис Стоун“. По Илинденското востание, неговиот револуционерен ангажман го чинел слобода – завршил во солунските затвори, каде што ја почувствувал суровоста на поразот, но и истрајноста на идејата.

Банер Банер BrandEcho

Со Младотурската револуција повторно се вратил на политичката сцена. Балканските војни го затекнале како војвода во Македонско-одринското ополчение, учествувајќи во ослободувањето на повеќе градови и населени места. По падот на османлиската власт, станал административен раководител во Разлошката околија – редок пример на револуционер кој преминал и во институционална власт.

Неговата подоцнежна улога го внесла во сложените лавиринти на меѓувоената политика. Вапцаров бил дел од обновената ВМРО, но и сведок на нејзините длабоки внатрешни поделби. Конфликтите меѓу фракциите не го заобиколиле – по судирот со раководството на Иван Михајлов, станал цел на атентати, киднапирања и прогон. Еден период бил принуден да емигрира во САД, а по враќањето живеел во постојана сенка на закани и политички пресметки.

Ad image

Јонко Вапцаров почина во 1939 година, далеку од фронтовите, но не и од последиците на борбата на која ѝ го посвети животот. Неговата биографија останува сведоштво за еден немирен век, во кој револуцијата често ги голташе своите сопствени луѓе. Истовремено, неговото име останува нераскинливо поврзано со идниот глас на македонската поезија – неговиот син Никола, кој на поинаков начин ќе ја продолжи борбата, со збор, а не со пушка.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Сеќавање: 21 година без Ѓорѓи Колозов

110 години од пеколот во Долгаец – За еден ден убиени 315 селани, голем дел деца и жени

Заборавен херој? Годишнина од смртта на човекот што ја водеше Македонија кон слобода

102 години од раѓањето на Мито Хаџивасилев Јасмин – „првото перо“ на македонското новинарство и публицистика

Тепана па бодена со бајонети – 80 години од смртта на Вера Циривири-Трена

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македониум

22 мај 1947 – Денот кога започна демакедонизацијата на Егејска Македонија

Македониум

(ВИДЕО) Македонско оро среде Босфор

МакедониумМакедонска музика

51 години од смртта на Кирил Манчевски – великанот на народната песна

МакедониумМакедонска музика

50 години од смртта на Кирил Манчевски – великанот на народната песна

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?