Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Советот на Карпош ѝ се спротивстави на одлуката на Владата за одземање на салата „Партизан“

Сподели

Со 14 гласови „за“ и 7 „против“, Советот на Општина Карпош на денешната вонредна 69-та седница го усвои заклучокот со кој изрази противење на одлуката на Владата на Република Северна Македонија да ѝ ја одземе спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – позната како сала „Партизан“ – која досега беше во трајно владение на општината.

Во обраќањето пред советниците, градоначалникот Стевчо Јакимовски посочи дека Владата ја донела одлуката без приложено образложение, што, според него, е сериозен пропуст и непочитување на законската процедура. Јакимовски потсети дека со одлука на претходната Влада во 2019 година, објектот бил впишан во Агенцијата за катастар како имот во трајно користење на Општина Карпош.

Општината, нагласи тој, во меѓувреме инвестирала околу 4 милиони денари за санирање технички недостатоци во салата, со што таа повторно станала функционална. Советот донел повеќе одлуки со кои делови од објектот се дадени на користење, некои со, а некои без надомест.

- Advertisement -

„Најмалку што можеше да направи Владата е да ја извести Општина Карпош и да отвори дијалог пред да донесе ваква одлука,“ изјави Јакимовски, нагласувајќи дека средствата за инвестициите се пари на граѓаните на Карпош.

Советниците истакнаа дека начинот на донесување на оваа одлука е непринципиелен и штетен, бидејќи е спроведен без консултации и без побарано мислење од локалната самоуправа. Со усвојувањето на заклучокот, Советот го задолжи градоначалникот и стручните служби да преземат понатамошни правни чекори пред надлежните институции, со цел да се заштити општинскиот интерес и јавниот имот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонски филмови
Гледајте македонски филмови на едно место.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Достава на писмен извештај за праг за информирање на граѓаните на Општина Струмица за наредните денови

Општина Карпош: Одбележан светскиот ден на учителот

Марко Цепенков оживеа во Гевгелија: Изложба на материјална култура и фолклор

86 години од излегувањето од печат на „Бели Мугри“

Прекин на водоснабдување во делови од Карпош

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Без струја утре делови од општина Карпош

Локално

Планирани прекини на електрична енергија во Прилеп и Охрид

Локално

Делови од Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја и вода

Локално

Одбележана годишнината од смртта на Алексо Демниевски Бауман

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?