Одбележана годишнината од смртта на Алексо Демниевски Бауман

Денеска се навршуваат 64 години од смртта на македонскиот комунист и учесник во НОБ и во Шпанската граѓанска војна Алексо Демниевски Бауман. По тој повод градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, и претседателот на Советот на Општина Велес, Даниел Јаневски, положија свежо цвеќе пред неговата спомен биста.

Почит на Бауман му оддаде и делегација на Командата за доктрини и обука при велешката касарна што го носи неговото име.

 

Извор:veles.gov.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава