Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Струмички карневал 2026: Осум дена традиција, нови настани и голема интернационална поворка на 21 февруари

Сподели
Од 18 до 25 февруари годинава ќе се одржуваат програмските активности на Струмичкиот карневал 2026, а главната интернационална карневалска поворка ќе се одржи на 21 февруари.
Ова денеска официјално беше потврдено на прес конференцијата на Организациониот одбор на карневалот на кој присуствуваше и градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков. Тој потенцираше дека Струмичкиот карневал е вековна традиција, симбол на Струмица и препознатлив белег на нашиот културен идентитет.
„Оваа наша жива традиција со векови ги обединува граѓаните, ги привлекува посетителите и ја промовира Струмица како град на културата и креативноста. Струмица вложува надеж во нова енергија која карневалот годинава ќе ја добие со новиот Организационен одбор. Како и нивните претходници, така и сегашните, оваа година пристапија со големо внимание и одговорност во подготовките. Затоа, струмичката јавност очекува нивната работа да донесе свеж пристап и квалитетна програма, да донесе уште поголема видливост на карневалот во земјата и надвор од неа“, рече градоначалникот Јанков.
Претседателката на Организациониот одбор, Танкица Стојанова, заблагодарувајќи му се на градоначалникот Петар Јанков за поддршката и соработката, детално ги образложи сите програмски активности коишто ќе се одржат во осумтте карневалски денови. Покрај традиционалните настани, Стојанова најави и нови меѓу кои е одржувањето на Карневалски Мјузикл на 19 февруари со почеток во 19 часот во НУЦК „Антон Панов“, наместо досегашниот Концерт под маски и одржување на Концерт за забава со карневалските групи и публиката на главната карневалска вечер, на 21 февруари во 21 часот на градскиот плоштад.
Иако пријавувањето за учество на годинашниот Струмички карневал трае до 5 февруари за карневалските групи од Македонија, а за останатите до 15 февруари, според претседателката на Организациониот одбор, Танкица Стојанова, радува фактот што меѓу досега пријавените има и нови карневалски групи со што се потврдува дека се враќа довербата и заинтересираноста меѓу струмичани за учество на карневалот.
Годинашната богата и разновидна карневалска понуда од општинскиот буџет е поддржана со 3,7 милиони денари.

Извор:strumica.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Известување до јавноста: Локации и организациски насоки за „Пастармалијада 2025“

Ѓорче Петров: Нови субвенции за клима уреди и топлотни пумпи

Час по локална самоуправа: Учениците од четврто одделение ја посетија Општина Гевгелија

Бисти на двајца народни херои поставени во дворот на Меморијалниот музеј на Комунистичката партија во Тетово

6 септември: Спектакуларно финале во Гевгелија на „Баскерфест Карван 2025“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Дел од Гази Баба и Карпош денеска без струја поради технички зафати

Локално

Дел од Делчево денеска без електрична енергија

Локално

Комшиска тепачка: Делчевец и каменичанец се степале во казино

Локално

Скопјани се жалат на зачестените напади од птици

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?