Дел од Делчево денеска без електрична енергија

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од Делчево ќе остане без електрична енергија денеска, петок, 16 јануари 2026 година.

Според најавата, прекинот ќе трае во периодот од 11:00 до 14:00 часот и ќе ги опфати следните локации:

  • Улица „Методија Митевски Брицо“
  • Дел од булевар „Македонија“
  • Објектите на Судот и Полицијата
  • Дел од улица „Орце Николов“
  • Социјалната зграда

Прекинот е најавен како планиран, а од надлежните служби апелираат граѓаните и институциите навремено да ги приспособат своите активности. Во случај на промени во распоредот, јавноста ќе биде дополнително информирана.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава