Во сообраќајна несреќа што се случила во Битола, тешко е повреден 42-годишен пешак, а малолетен возач е лишен од слобода.
Според информациите од СВР Битола, на 13 февруари 2026 година околу 18:35 часот било пријавено дека на улицата „Козјак“ во Битола, 17-годишник од Битола, управувајќи патничко возило „даеву тико“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.К.(42), исто така од Битола.
Во несреќата, 42-годишниот пешак се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничка болница Битола.
На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола, по што биле преземени дополнителни проверки.
При контролата било утврдено дека 17-годишникот управувал со возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило, односно без положен возачки испит.
По насоки од јавен обвинител, тој бил лишен од слобода, а возилото е одземено.
По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полицијата апелира до граѓаните и родителите на малолетници да не дозволуваат управување со возила без соодветна дозвола, со цел да се избегнат вакви сериозни последици.



