Со нож нападнал малолетничка со која живеел во вонбрачна заедница – приведен скопјанец во Струга

ФОТО: МВР

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р. (31) од Скопје поради сомнение дека сторил кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“, откако со нож нападнал 17-годишна девојка со која живеел.

Инцидентот се случил на 14 февруари 2026 година околу 18:00 часот во Струга. Според информациите од полицијата, девојката се здобила со телесни повреди и била пренесена во Општа болница Струга, каде ѝ била укажана медицинска помош.

Напаѓачот веднаш бил лишен од слобода, а алкотестот покажал 1,82 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава