Вработен во казино од Кочани осомничен дека проневерил над 330 илјади денари

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.С. (43) од Кочани поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „затајување“.

Според информациите од полицијата, на 1 јули 2025 година пријавениот, кој бил вработен во подружница на казино во Кочани, од благајната одзел пари во износ од 332.330 денари и ги присвоил за себе.

Со ваквото дејствие, како што наведуваат од МВР, тој го оштетил правното лице за наведениот износ.

По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава