Малолетникот кој на Божиќ со огнено оружје ги рани своите баба и дедо во семејниот дом во белградската општина Звездара, а потоа си нанесе прострелна рана, починал во болница, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации.
Според досегашните сознанија, инцидентот се случил на 7 јануари, кога 16-годишникот, од засега неразјаснети причини, пукал кон своите најблиски роднини, а потоа се обидел да си го одземе животот. Повредените баба и дедо биле хоспитализирани, а состојбата им била стабилизирана.
По наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, уапсен е таткото на малолетникот, П.Ј. (43), кој се сомничи за кривично дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице. Истрагата за случајот е во тек.

