Три жртви во железничка несреќа во Србија

Белград, 19 август 2024 (МИА) – Три лица загинаа, а едно лице е тешко повредено откако воз удрил во автомобил на железнички премин во селото Петка кај Лазаревац околу 12:45 часот, јавија српските медиуми.

Возот сообраќал на релација Пријепоље-Белград.

Во моментов железничкиот сообраќај во тој дел е во прекин.

Од Јасмина Тасевска/МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава