Компанијата Volkswagen објави глобално повлекување на преку 16.000 возила поради утврден дефект кај воздушните перничиња на страната на совозачот, кој може да доведе до сериозни, па дури и фатални повреди во случај на сообраќајна несреќа, пренесува Autobild.
Кај некои модели, гасниот генератор на воздушните перничиња може да пукне или негови делови да се одвојат, што значително ја намалува заштитната функција на јастукот. Во евентуален судир, ова може да доведе до распрскување на метални парчиња во кабината – сценарио што може да заврши со тешки повреди или смрт на совозачот.
Повлекувањето ги опфаќа следните модели произведени во последните месеци:
- VW Polo
- VW Passat
- VW Taigo
- VW ID.7
- VW ID.7 Tourer
- VW ID.Buzz


