Интересна, но не неочекувана порака од Ford и Mazda. Официјални лица на двете компании испратија порака до возачите на старите автомобили да престанат д аги возат.
Пораката доаѓа откако американската Администрација за безбедност во сообраќајот утврди дека кај дел од автомобилите на овие два бренда има проблеми со воздушните перничиња. Оттаму наведуваат дека под влијание на жештина и влага тие можат самостојно да експлодираат.
Се работи за 457 илјади автомобили произведени во периодот помеѓу 2004 и 2015 година. Најпогодени модели на Ford моделите Ranger, GT и Mustang, додека Mazda најголеми проблеми има со CX-9 и RX-8.
Тоа што некои од автомобилите се стари и повеќе од 20 години придонесува да двата производители немаат точна бројка односно точни податоци за сопствениците, па оттука и јавно ги повикаа истите да не ги возат.