Пишува Тодор Петров
Доколку очекуваш макар благодарам за некому да сториш благородно дело, ниту почнувај. Поверојатно е дека ќе те нагрдат отколку да те наградат. Ќе ти барат маана, наместо да ги пронајдат убавините и добрините во тоа што некому го правиш, на некои или на сите.
Затоа, прави добри дела и не очекувај ништо од никого, ако со тоа што го правиш споделуваш позитивна енергија и љубов наместо негативна енергија и омраза. Омразата секогаш завршува со одмазда, место мир носи немир и војна.
Патем, посветеноста има цена – здравје, време и пари. Ако си подготвен на таква саможртва, продолжи, ако не си подготвен, ниту се нафаќај. Посветеноста значи самоодрекување.
Впрочем, никого не прогласиле за светец дома и при живот, туку по смртта и во туѓина…
Нели, сите одат в црква, ама икона нема за секој!
Ниту некој го паметат по тоа што имал при живот, туку по тоа што оставил по смртта. Човекот не умира кога од неговото тело ќе замине душата, туку живее се’ додека го паметат и за него другите зборуваат, бидејќи оставил трага во историјата и меморијата…
Оттука, не прашувај што стори татковината за тебе, туку секое утро пред огледалото запрашај се: Што сторив вчера јас за семејството и за татковината, за нас Македонците – што сторив за родината Македонија, Што ќе сторам денес за семејството и за Македонија!
Македонија вечна од исконот до бескрајот. Амин!
Колумната е личен став на авторот.