Манчестер Јунајтед синоќа поведе на Емирати, но на крајот го загуби дербито од Арсенал со 3-1, топчиите последните два гола ги дадоа во судиското продолжение.
Во финишот од мечот Манчестер јунајтед даде гол за водство од 2-1, но ВАР го поништи погодокот поради офсајд. Потоа следуваа погодоците на Арсенал.
По натпреварот Тен Хаг вели дека немале среќа, но има големи замерки и на судењето.
„Мислам дека одигравме добро, но се беше портив нас. Ако имавме малку повеќе среќа ќе победевме“, вели Тен Хаг.
„Голот на Гарначо не беше офсајд, од погрешен агол беше снимката. Врз Хојлунд имаше пенал, а потоа примивме гол каде претходно требаше да биде досуден фаул врз Џони Еванс. Се е толку чисто и очигледно“ додаде Тен Хаг.
„Што се однесува до нашата игра гледам напредок, многу добро се браниме и со висок и со низок блок. Смирени сме кога ја имаме допката. Имаме напредок, но дефинитивно гледам простор за уште да се подобруваме. Ни недостасуваат некои завршни додавања во нападот“, изјави Холанѓанецот.
За повеќе спортски содржини посетете го сајтот 24fudbal.mk.